Во петок со натпреварот, Вардар – ФТЦ Будимпешта стартува новата сезона во лигата на шампионите. Ѓер ја брани Европската титула, откако во финалето беше подобар токму од Вардар. Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, ЕХФ направи преглед на најдобрите 12 трансфери за оваа сезона.
Преминот на Драгана Цвијиќ од Будуќност во Вардар се најде на шесттото место на најдобри трансфери за оваа сезона. Репрезентативката на Србија треба да претставува големо засилување за црвено-црните , која треба да им помогне да стигнат до толку посакуваната Европска титула. Првото место на најдобри трансфери го има Кристина Неагу, која од Будуќност премина во ЦСМ Букурешт.
Видеото со најдобрите 12 трансфери можете да го погледнете ТУКА.