Големата љубов , посветеност , труд , макотрпна работа која се вложува во БК Вардар доби и официјално признание во светски рамки . Така нашиот млад борач Зубаиров кој освои бронза на Европското Првенство во Полска ,но и на домашна сцена исто така младиот Халил доминираше и го освои турнирот “Македонски бисер“-Радовиш се ова го вивна во топ 20 најдобри борачи во неговата категорија во светот.
Халил Зубаиров според ранг листата објавена на UWW се најде во топ-20 борачи (види) за оваа сезона 2015 година. Младиот и надежен член на Вардар и Македонската репрезенација е рангиран на 18-сетото место на листата во категоријата до 86 килограми . Сериозната работа во клубот оданоста на шефот на стручниот штаб Професорот Пешко , тренерот Гајдаров и сите останатите од црвено-црниот борачки колектив го донесе ова признание . Мораме да напоменеме дека се ова радува во пресрет на следниот голем предизвик за сите нас настанот кој ќе се одржи во Азербеџан- Првите Европските игри Баку-2015 .