Женската екипа на Вардар Јуниор го доживеа првиот пораз во супер лигата. Нашите млади девојки беа поразени на гостувањето против екипата на Куманово, со резултат 38:24.
Мечот не започна добро за Вардар Јуниор, кој уште на стартот имаше негатива од 4:0. Ние прв гол постигнавме во шесттата минута, за намалување на 4:1, за да следи нова серија на домашната екипа од 3:0, за веднаш резултатски да се одлепат и да поведат со 7:1. Вардар се обидуваше да му парира на противникот, но тоа тешко ни одеше. Куманово стигна речиси и до двоцифрена разлика, кога имаше предност од 15:6, за до крајот на првото полувреме, избраничките на Симовски да го намалат резултат и на одмор да се замине со пристојна негатива од 19:12.
Ниту вториот дел не започна добро за Вардарки, кои им дозволија на Куманово да стигнат до двоцифрена предност и да поведат со 23:13. Остатокот од натпреварот беше рутина за противникот, кој имаше најголема позитива од 15 гола разлика.
Кај Вардар Јуниор се истакна Леонида Гичевска која постигна 8 голови, додека крилото Ана Станиќевска имаше 4 погодоци.
Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп 1, Николовска 2, Карчева 1, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Станиќевска 4, Трпевска 3, Георгиевска, Божиноска 3, Филипоска, Гичевска 8, Иванова, Николиќ 2, Диневска.