Поискусниот и повозрасен тим на ЖРК Вардар го доби “сестринскиот“ дуел со помладата екипа на Вардар Јуниор. Ова беше натпревар од шесттото коло во најсилната супер лига, кој го доби Вардар со резултат 49:18. Мечот се одигра вечерва во малата сала на С.Ц. Јане Сандански.
Вардарки немаа поголеми проблеми на овој натпревар, иако настапија без своите најголеми “ѕвезди“ сепак тоа не беше никаква препрека да се совлада Вардар Јуниор. По првото полувреме имаа убедливо водство од 22:8. Во второто полувреме само растеше разликата во нивна корист, а крилата Ристовска и Саздовска се натпреваруваа кој да постигне повеќе голови. На крајот убедлив триумф од 49:18. Ова беше шестта последователна победа од исто толку одиграни мечеви за тимот на Вардар, додека Вардар Јуниот го дожива својот втор пораз, а има и три победи и еден нерешен резултат.
Во победничката екипа најефикасна повторно беше Ристовска со 13 голови, додека кај поразените се истакнаа младинските репрезентативки Гичевска и Божиноска, кои постигнаа по 5 голови.
ВАРДАР: Мицевска, Лејно, Кликовац 4, Саздовска 10, Бајрамоска 2, Лазовиќ 2, Керамичиева 1, Чанаџија 3, Хмирова 7, Петровиќ 6, Ристовска 13
ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Кицеска, Реџеп, Николовска 3, Карчева, Вељановска, Станиќевска 1, Атанасова, Трпевска 3, Георгиеска, Диневска, Божиноска 5, Филипоска, Гичевска 5, Иванова, Николиќ 2.
Вардар во петок и сабота го очекуваат натпревари од регионалната лига, со нов турнир, кој овој пат ќе се одигра во Љубљана.