Monday ,21 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јуниор лига: Опш.Кисела Вода “тесно“ и РК Виница Вардар “лесно“ до триумфи кај дамите во генер.2004/05
Јуниор лига: Опш.Кисела Вода “тесно“ и РК Виница Вардар “лесно“ до триумфи кај дамите во генер.2004/05

Јуниор лига: Опш.Кисела Вода “тесно“ и РК Виница Вардар “лесно“ до триумфи кај дамите во генер.2004/05

Денес стартуваа натпреварите од третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига со натпреварите кои се на програмата во Скопје и тоа во спортскиот рекреативен центар Кале. Кај девојките во генерација 2004/2005 се одиграа два дуела.

y2

Во првиот дуел кој беше далеку понеизвесен се сретнаа РК Ново Лисиче кој претрпе минимален пораз од РК Општина Кисела Вода Вардар.  Екипата од Кисела вода победи со пресврет 13-12 (6-7). Први со гол натпреварот го отворија девојките од Ново Лисиче кој по 3.минути игра водеа со 2-0.  Во средината од првиот дел тие успеаа да се одлепат на високи “плус пет“ и водеа со 6-1. следеа минути на девојките од наслебата Кисела Вода кои  со серија 0-5 изедначија на 6-6 во самиот финиш. На одмор се замина со предност од еден гол 7-6 за РК Ново Лисиче Вардар.

y

Во вториот дел се почна со две израмнувања, најпрвин беше 7-7, а потоа и 8-8 на семафорот во салата “Кале“.  Со два гола Кисела Вода успеа да се одлепи и да поведе со 8-10, најавуваќи триумф, Сепак ривалот нивни се врати и изедначи на 10-10, потоа постојано беше реми најпрвин 11-11, а потоа и 12-12.  Времето истече, беше реми, но Општина Кисела Вода имаше  за изведување пенал. Успешно истиот го погоди и победи со 13-12 на овој дуел од првото коло во третата сезона од Јуниор вардаровата ракометна лига.  Ива Здравевска со 4 гола кај победникот беше прв стрелец, Ставрова со 3 гола беше најдобра кај поразениот тим.

k3

Во вториот дуел РК Виница Вардар беше далеку поуспешен тим од екипата на РК Драчево Вардар, девојките од Виница триумфираа со 22-2  (12-1). Први со гол натпреварот го отворија девојките  Драчево кои поведоа 0-1. Тоа беше прв и последен пат за нив на овој дуел да имаат предност. Веднаш потоа виничанки изедначија на 1-1.  Од минута во минута екипата на Вардар Виница го зголемуваше своето водство, успевајќи притоа да ја зачува мрежата. На полувреме заминаа со високи 12-1 предност на овој женски дуел во Јуниор лигата.

k1 k2

Вториот дел почна со гол за Виница Вардар, девојките зголемија на 13-1 по само 30.секунди игра во вториот дел. Вториот дел имаше тек како и првиот , скопските девојки не успеаваа да го најдат патот до голот на Виница. Со серија 8-0 во финишот Виница поведе со 21-1. Во 39.минута конечно во вториот дел постигна гол РК Драчево Вардар за намалување на 21-2, овој дуел на крајот заврши со победеа 22-2 на девојките од внатрешноста на земјава. Најдобар стрелец кај нив Темелкова беше прв стрелец со 5 постигнати погодооци.