Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Очекувано, ЖРК Вардар лесно и убедливо го победи Металург, за седма последователна победа во супер лигата
Очекувано, ЖРК Вардар лесно и убедливо го победи Металург, за седма последователна победа во супер лигата

Очекувано, ЖРК Вардар лесно и убедливо го победи Металург, за седма последователна победа во супер лигата

Нашиот женски ракометен шампион немаше поголеми проблеми да ја запише и својата седма последователна победа во супер-лигата. Попладнево во спорската сала во населбата Автокоманда се одигра ако може веќе да се каже “дербито“ помеѓу екипите на Металург и Вардар. Очекувано триумфот им припадна на Вардарки.

Уште по првото полувреме имавме двоцифрена предност кога му дозволивме на противникот да псотигне само 7, наспроти 17 гола на црвено-црните, кои најавија уште една лесна победа во најсилната супер-лига. Иако вчера се вративме од Љубљана каде бевме дел од вториот турнир во рамките на регионалната лига, тоа не претставуваше проблем за избраничките на Дибирова да одиграат добар натпревар, иако заморот е присутен кај девојките кои играа мечеви во петокот ( триумф против Крим) и во саботата ( победа над Будуќност). Металург не беше достоен противник, па беше само прашање со колквата разлика на крајот ќе го добиеме овој натпревар. Предноста во вторите 30 минути само растеше, за на крај да триумфираме со голема разлика (18:39).

Стана вообичаено наш најдобар стрелец на мечевите од супер лигата да биде Сара Ристовска која постигна вкупно 13 голови, додека втор стрелец беше Саздовска со 9 голови. На голот беше младата и перспективна Јована Мицевска. И на овој дуел настапивме без Лекиќ, Пенезиќ, Цвијиќ, Лакрабер, Радичевиќ, Кузнецова и Лејно.

ВАРДАР: Кликовац 3, Саздовска 9, Бајрамовска 4, Лазовиќ, Мицевска, Керамичиева 4, Чанаџија 1, Суслина, Хмирова, Петровиќ 5, Ристовска 13.