Селекторот на црнагорките, Драган Аџиќ на поширокиот список повикани за Црна Гора за Мундијалот кој во декември се игра во Германија внесе двете ракометарки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац.
Јованка Радичевиќ, капитенот на ЖРК Вардар повторно се најде на списокот на репрезентативки на Црна Гора, а Кликовац исто така ќе конкурира за тимот кој би можел да настапи на Светското првенство. Голема е веројатноста да бидат дел од мундијалскиот избор на Аџиќ, бидејќи настапуваат за тим кој има максимален број бодови во ЕХФ Лигата на шампионите и во Регионалната лига.