Викендов на програмата е новото, деветто коло во женската Супер ракометна лига. Во истото младиот тим на црвено-црните, ЖРК Вардар јуниор ќе биде домаќин на екипата на ЖРК Гевгелија. Дуелот ќе се игра на 11-ти ноември, сабота со почеток во 15-00 часот.
На натпреварот кој ќе се игра во спортскиот центар “Јане Сандански“-Скопје ќе ни гостува екипата која пред три дена како домаќин беше високо поразена од првиот тим на Вардар со убедливи 12:48. Девојките на Симе Симовски досега имаат половичен успех во лигата, во осум дуели имаат три победи, три пораза и два дуела завршија со поделба на бодовите. Ние сме петти со 11 бода, гевгеличанки се веднаш зад нас, но со значајно помалку бодови. Тие се шестопласирани со само 4 бода од 8 одиграни дуели во женската ракометна Супер лига.