Последни подготовки за ЖРК Вардар во пресрет на утрешниот натпревар против екипата на ФТЦ Будимпешта. Црвено-црните веќе се наоѓаат во Унгарија, каде вечерва одржаа последен тренинг и ги испробуваа последните тактики во пресрет на мечот со вицешампионот на Унгарија. Како што знаеме дел од екипата на утрешниот дуел нема да бидат Лекиќ и Бајрамовска.