Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор стигна до нова победа во супер-лигата, избраничките на Симовски убедливи против Гевгелија
Вардар Јуниор стигна до нова победа во супер-лигата, избраничките на Симовски убедливи против Гевгелија

Вардар Јуниор стигна до нова победа во супер-лигата, избраничките на Симовски убедливи против Гевгелија

Попладнево на Кале се одигра натпревар во женската супер-лига помеѓу екипите на Вардар Јуниор и Гевгелија. Славеа црвено-црните избранички на Симе Симовски кои триумфираа со двоцифрена разлика (27:17).

2

Во првите седум минути игра екипата на Вардар Јуниор имаше дури седум неискористени напади. Првите два напади не ги реалзиираа Божиноска и Николиќ, додека во следните пет минути не погодија од зицер позиција ниту Николовска, додека Вељановска ја погоди стативата. Екипата на Гевгелија беше прва која го отвори резултатот, за кај црвено-црните првите два погодоци по осум минути игра да бидат дело на милица Николиќ која го израмни резултатот на 2:2.

1

Многу неефикасно се играше во овој дел од натпреварот, кога двете екипи правеа често грешки. Првото водство на мечот го имавме во 10 минута кога погоди десното крило Бојана Диневска, за водство од 3:2, за истава ракометарка по 15 минути игра да донесе ново израмнување на резултататот (4:4). На голот застана и Андреа Илиќ, која ја замени Кицеска и веднаш стигна до својата прва одбрана.

3

При предност наша од 5:4 му дозволивме на противникот да направи серија од 0:3 и да поведе со 5:7. Сепак следиме подобра игра на нашиот состав, кој почна да игра поцврсто во одбраната, додека во нападот почесто реализиравме. По пет минути без гол, погодува Александра Вељановска која намали на 6:7, за да постигнеме уште нови три голови, за во 21 минута да стигнеме до предност од 9:7. Погодуваа нововлезената Трпевска Ивона и Ана Иванова. За момент намали гостинската екипа на 10:8, за до крајот на првото полувреме да постигнеме три последователни голови и на одмор да заминеме со солидна предност од 13:8, со голот на Ивона Трпевска.

5

Продолжува добрата игра на Трпевска и во вториот дел, кога го постигна првиот гол за црвено-црните. Погодија Божиноска, Иванова и Николиќ, за во 41 минута да имаме највисоки шест голови разлика (18:12). Подобра реализација во нападот за нашите млади девојки, кои го полнеа голот на Гевгелија. Конечно среќата ја посака и Анастасија Николовска, која со својот прв гол му носи предност на Вардар од 19:13, за во следните два напади да реализираат Шадије и Николиќ, за висока предност од 21:13 во 45 минута од мечот. Во игра влезе и Моника Георгиевска и токму со нејзиниот гол стигнавме до двоцифрена предност од 23:13 во 50 минута од мечот. До крајот на мечот по четири голови постигнаа и двете екипи, за на крајот конечниот резултат да гласи 27:17. Последниот гол за Вардар беше дело на Бојана Диневска.

Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп 1, Николовска 1, Карчева, Стефановска 3, Кицеска, Вељановска 1, Атанасова, Трпевска 4, Георгиевска 2, Диневска 3, Божиноска 1, Филипоска, Гичевска 3, Иванова 3, Николиќ 5.

Ова беше четврта победа за младите Вардарки, кои имаат уште и два нерешени резултати и три порази.