Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Домаќинот Метковиќ подобар во полуфиналните дуели со кадетките и пионерките на РК Вардар, кои ќе играат за третото место
Домаќинот Метковиќ подобар во полуфиналните дуели со кадетките и пионерките на РК Вардар, кои ќе играат за третото место

Домаќинот Метковиќ подобар во полуфиналните дуели со кадетките и пионерките на РК Вардар, кои ќе играат за третото место

Пионерките и кадетките на ракометниот клуб Вардар ќе играат за третото место на турнирот “Метковиќ 2017“, кој изминативе три дена се игра во Хрватска. Ова е епилогот од утринските полуфинални мечеви на двте наши екипи, кои за противник го имаа домаќинот на турнирот.

Пионерките го загубија својот натпревар од полуфиналето, против тимот на Метковиќ со резултат од 11:6. Вардарки први го отворија резултатот на овој натпревар за 0:1, по што домашниот тим постигна три последователни голови и зголеми на 3:1. Избраничките на Платон вратја во иста мера и со два гола во серија го израмнија резултатот на 3:3. Се играше борбено на двете страни, и двете екипи ја посакуваа победата. Сепак при резултат од 5:4, екипата  на Метковиќ се одлепи на највисоки 9:4, по што немаше многу време за резултатски пресврт. До крајот на мечот, двете екипи постигнаа по два гола, за конечен резултат од 11:6.

Александра Коловска постигна два гола, додека по еден беа дело на Мила Пешиќ, Бојана Радевска, Сара Стефаноска и Бојана Коцева.

По голема борба беа порзени и кадетките од две години повозрасната екипа на Метковиќ, која славеше минимално со резултат од 18:20. Вардарки во најголем дел од првото полувреме иаа предност, но во вториот дел следеше пад и на крај го загубивме мечот. Добро го отворивме натпреварот кога поведовме со 2:0, за во следните три минути, екипата на Метковиќ да го намали резултатот на 3:2. Следеа фуриозни минути на црвено-црните кога направија серија од 3:0 и стигнаа до највисоко водство од 6:2. Во следните шест минути ја одржувавме оваа позитива и уште во три наврати имавме предност од четири голови разлика ( 9:5, 10:6 и 11:7), а црвено-црните беа во налет кога стигнаа и до најголеми пет голови разлика (12:7). Во тие моменти мислевме дека го имаме противникот, кој сепак успева да се врати во игра. Метковиќ прави серија од 0:5 и го израмнува резултатот на 12:12, по што мечот започна од почеток и ниту еден од двата тима не беа во предност. Последното израмнување беше при резултат од 15:15, кога Вардар започна да го губи чекорот и имаше негатива од 15:17. Оваа разлика се одржуваше до истекот на 40-те минути, кога конечениот резултат на семафорот покажуваше 18:20 за екипата на Метковиќ.

Кај Вардар се истакнаа Андреа Седлоска и Стефанија Ѓорѓиевска кои постигнаа по 4 голови, додека Марија Галевска постигна 3. По 2 гола постигнаа Мирјана Петковска и Ангела Костовиќ, додека по 1 Ангела Гроздановска, Стефанија Софтовска и Ива Јаковчевска.

Денес двете екипи на Вардар ќе играат за третото место на турнирот, со што ќе ги завршат настапите.