Четврто место за пионерките на РК Вардар на турнирот во Метковиќ, откако во малото финале беа минимално поразени од екипата на Будуќност со резултат 13:12.
Екипата од Подгорица подобро го отвори натпреварот кога поведе со 3:0 и 4:1, но Вардарки експресно одговорија со три последователни голови и за прв пат го израмнија резултатот на 4:4. Во следните минути, Будуќност беше тимот кој постојано беше во водство од 1-2 гола разлика, имаше противникот и највисоки 10:7 и 11:8. Сепак Вардар не помисли да се предаде и прави резултатски пресврт кога со серија од 0:4, за прв пат на натпреварот имаше предност од 11:12. Во тој момент бевме поблиску до победата, но Будуќност ги постигна последните два гола на мечот и на крајот минимално триумфира.
Мила Пешиќ беше најефикасна со 4 голови, додека по 2 постигна Бојана Коцева и Магдалена Тошевска. По еден беа дело на Борјана Коцева, Сара Стефаноска, Ана Мирчевска и Александра Коловска.
На целокупниот турнир, нашите пионерки одиграа шест натпревари, на кои остварија една победа, два нерешени резултати и три порази. Секако ова беше големо искуство и прв меѓународен предизвик за оваа нова генеарција на РК Вардар предводена од Анжела Платон, која ја сочинуваат ракометарки кои настапуваат во “Јуниор“ лигата и се заедно само нешто повеќе од два месеци.