Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Радичевиќ со 9 голови ја предводеше Црна Гора до 1/4, таму ги чека Франција на Лакрабер и Лејно, кои имаат забележителен придонес во триумфот против Унгарија
Радичевиќ со 9 голови ја предводеше Црна Гора до 1/4, таму ги чека Франција на Лакрабер и Лејно, кои имаат забележителен придонес во триумфот против Унгарија

Радичевиќ со 9 голови ја предводеше Црна Гора до 1/4, таму ги чека Франција на Лакрабер и Лејно, кои имаат забележителен придонес во триумфот против Унгарија

Радичевиќ и Кликовац ќе играат против Лакрабер и Лејно, во четврфиналето на СП во Германија. ова е епилогот од одиграните вечерва осминафинални дуели.

Србија беше репрезентацијата која во првите три минути имаше предност, а последната беше при резултат 3:2. Чуден и несфатлив пад за репрезентација која освои прво место во групата, која цели 12 минути не успева да постигне гол, напротив Црна Гора која направи серија од 0:6 и поведе со 3:8, точно на половина од полувремето. Стекнатото водство беше задржано се до истекот на првите 30 минути кога на одмор се замина со резултат од 9:14. Инаку црнагорките имаа и највисоки шест голови разлика (6:12) благодарение на головите на Булатовиќ (5) и Радичевиќ (4) кои беа најефикасни во првото полувреме. Долго време и во вториот дел, избраничките на Јохансон го одржуваа најголемото водство од шест гола, се до 50 минута, кога Србија намали на само три гола негатива (24:27).

vardarfans-crna-gora

Црна Гора врати со два гола во серија и остана во следните минути со две ракометарки помалку на теренот, што беше доволно на Србија да намали на само три гола (26:29). Времето работеше за Црна Гора, а Србинките се надеваа на “чудо“ за да успеат да влезат во неизвеен финиш. Тоа не се случи, па на крајот Црна Гора слави со резултат од 29:31 и се промовира во четврфиналист на СП во Германија. Предводник на Црна Гора беше Јованка Радичевиќ која постигна вкупно 9 голови и беше најефикасна на натпреварот, додека Кликовац беше задолжена за игра во одбраната. Кај Србија, што се однесува до ракометарките на Вардар, Драгана Цвијиќ постигна 5, додека Лекиќ не се запиша во листата на стрелци, што беше можеби една од причините, Србија да го загуби осминафиналето.

Противник на Црна Гора во четврфиналето ќе биде селекцијата на Франција, која во осминафиналето ја совлада Унгарија, со резултат од 26:29. Заслужена победа за триколорите ако се земе во предвид предноста која ја имаа во текот на целиот натпревар. Отворија со водство од 0:2, за Унгарките во 4 минута да намалат на 2:3, на што Франција одговори со серија од три погодоци, за веќе резултатски да се одлепат на 2:6. Унгарија не помисли да се предаде, па најпрво намали на 6:7, а во 23 минута го израмни резултатот и на 9:9 а потоа и на 11:11, за последните три гола во првиот дел да ги постигне Франција и на одмор да замине со предност од 11:14.

vardarfans-lejno

Подобар старт, Франција имаше и во второто полувреме кога ја врати најголемата предност од четири голови (14:18), но секогаш Унгарија ги следеше во чекор и не дозволува предвреме да биде решен патникот во следната елиминациска рунда, па со три сврзани голови намалија на 17:18. Сепак триколорите доминираа до крајот на натпреварот и во четири наврати имаа и предност од највисоки пет голови, а Унгарија немаше сили за ново доближување. Заслуга за стекнатата предност имаше и Лејно која покрај двете одбрани, имаше и дури три одбранети удари од седум метри на противникот, додека Лакрабер го заврши натпреварот со 5 постигнати голови од 6 обиди. На крајот конечениот резултат од 26:29.