Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Јованка Радичевиќ осми најдобар стрелец, во пресрет на четврфиналните мечеви на СП
Јованка Радичевиќ осми најдобар стрелец, во пресрет на четврфиналните мечеви на СП

Јованка Радичевиќ осми најдобар стрелец, во пресрет на четврфиналните мечеви на СП

Денес на програмата се првите четврфинални натпревари на СП за ракомет во Германија. Во нив се среќаваат Црна Гора- Франција и Шведска-Данска.

Во пресрет на вечерашните натпревари, радува добрата форма и настапите на десното крило на Вардарки и селекцијата на Црна Гора, се работи за Јованка Радичевиќ која се наоѓа во ТОП-10 листата на најдобри стрелци. Неа ја предводи Каролина Кудлач од Полска која е лидер со 44 постигнати голови. Веднаш после неа со 43 погодоци се  Сабрина Моринго од Парагвај и Ана Грос од Словенијна. Четвртата позиција ја делат Кристина Неагу од Романија која постигна неверојатни 13 голови за Романија во “изненадувачката“ елиминација на нејзиниот тим во дуелот против Чешка, на која Неагу постигна речиси половина од погодоците на Романија моментално има 42 постигнати голови, исто како и Морк од Унгарија која е ракометарка на Ѓер. Вардарката Радичевиќ го дели осмото место со Ана Паула од Бразил и Данила Карлос од Аргентина со вкупно 38 голови. Инаку голем дел од играчите кои се во ТОП-10 најефикасни играчи имаат одиграно по седум натпревари, а само Грос, Морк, Неагу и Радичевиќ имаат моментално по шест настапи на мундијалот со своите репрезентации, односно овие ракометарки моментално ја сочинуваат најдобрата четворка според бројот на постигнати голови.

За нас интересен е денешниот четврфинален дуел помеѓу Црна Гора и Франција, на кој ќе гледаме четири ракометарки на Вардар. Се работи за Кликовац и Радичевиќ (Црна Гора), Лејно и Лакрабер ( Франција). Овој натпревар започнува од 20:45 часот.