Дури четири ракометарки на Европскиот вицешампион, екипата на Вардар влегоа во потесниот избор за најдобра ракометарка во 2017 година. Оваа анкета секоја година ја спроведува реномираниот портал “Хандбал планет“, а во гласањето учествуваат новинари од целиот свет.
Драгана Цвијиќ, Андреа Пенезиќ, Јованка Радичевиќ и Андреа Лекиќ ќе се борат за приматот најдобар играч, а нивна конкуренција ќе биде само словенката, Ана Грос. Гласањето ќе трае се до 4-ти јануари, а приматот за најдобра последните две години го држи Кристина Неагу, која настапуваше за Будуќност, а моментално е член на ЦСМ Букурешт. Последниот глас во овој избор го даваат посетителите на порталот, “Хандбал планет“.