Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андријана Будимир: Во Македонија каде ракометот е спорт број еден, има многу талентирани деца
Андријана Будимир: Во Македонија каде ракометот е спорт број еден, има многу талентирани деца

Андријана Будимир: Во Македонија каде ракометот е спорт број еден, има многу талентирани деца

Андријана Будимир веќе долго време живее во Скопје, каде е многу популарна и ценета во Македонија. Успешно ја води својата ракометна школа “Андријана Будимир“ како и генерацијата на Вардар родени “2002“ година. Вака започнува нејзиното интервју за “Prastanje uspeha“, личноста која “тежи“ две европски титули од лигата на шампиони, со екипата на Кометал и Шлагелсе, која има забележано и преку 100 настапи за репрезентацијата на Србија.

-Важно ми е моите ученици да станат добри луѓе. Кога започнав со работа со мојата приватна школа за ракомет, “Андријана Будимир“ имав само неколку момчиња и девојчиња. Сега кај мене тренираат околу 130 деца. Исто така во РК Вардар работам со една прекрасна генерација. Нив секогаш им го напоменувам ова: Малку од вас ќе успеаат да станат големи играчи, можеб и двајца или тројца, но сите вие нема да си заминете од мене, ако не бидете добри луѓе, истакна Будимир на почетокот на своето интервју.

Будимир зборуваше и за нејзината генерација во ракометниот клуб Вардар, која успешно ја води повеќе од две години. Во овој дел од текстот можете да прочитате и за нејзиниот систем на работа и пристапот со децата, како и споредби кога таа била играч и сега кога ги гледа нејзините ученици.

14642453_1443335569015514_7828500482366290368_n

-Секако дека има таленти. Во Македонија ракометот е спорт број еден, штом постои квантитет, до израз доаѓа и квалитетот и тоа е факт. Една мала Македонија има многу талентирани деца. Во Вардар ја водам машката екипа, тоа се генерација родени “2002“ година и мислам дека тие деца можат да им парираат на сите врсници, не само на балканот туку и пошироко. Оваа генерација која ја превземав да ја тренирам пред околу две и пол години, се трудам да ја научам како системот навистина функционира. Сакам како тренер да бидам целосно различна од повеќето тренери со кои имав можност да соработувам, во текот на мојата играчка кариера. Сите оние работи кои лошо ги доживував, не сакам тие да ги почуствуваат. Секако не сум ни јас безгрешна, но мојот менталитет и сфаќања спрема спортот, кои се обидувам да им ги пренесам на моите играчи, кажуваат дека сум од оние личности која помалку сака да изгуби, отколку што сака да победи. Најтешко ми беше во себе да направам прекин, дека веќе не сум играч и сега да работам како нивни спортски учител. Како играч знаев да ја решам секоја ситуација на теренот, сега мојата цел е да ги научам децата сами да си ги решаваат своите проблеми. Секако они на оваа возраст треба да го слушаат тренерот. Кога повторно би се вратила на терените, повеќе би ги слушала тренерите. Ракометот е еден вид на болка и тоа често им го повторувам на моите играчи. Ако не можат да се навикнат на тоа, тогаш нивното место не е на теренот. 

-Будимир има желба да биде селектор на машка репрезентација, со што би станала прва жена селектор во машкиот ракомет. Признава дека повеќе и годи работа со момчиња и дека сака да продолжи и понатаму со тој систем на работа.

-Имам желба да водам машка репрезентација. Би станала првата жена на светот, на која тоа и успеало. Сепак за жал ние се уште ја правиме таа разлика. Мене често ме прашуваат зашто работам како тренер на машка екипа ? Секогаш одговарам дека ми е доста од жени и дека морам малку да се одморам од нив. Искрено повеќе ми лежи работа со машка екипа. Имам големо почитување од нив и убаво ми е да работам со нив. Се осеќам како да ги сакам и почитувам и тие мене, но се тоа треба да се заслужи, истакна Будимир.