Вчера се одигра финалниот ден на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, кај генерацијата родени 2004/05 година во машка и женска конкуренција. Кај дамите кои играа во н.Илинден, Скопје после доделување на трофеите и медалите за најдобрите три екипи на турнирот, се пристапи кон изборот на идеалниот тим на турнирот.
Ракометарките на Вардар, Сара Ристовска, Мирјета Бајрамовска и Марија Петровиќ, заедно со тренерот на младинската и на пионерската селекција Анжела Платон ги доделија наградите на најдобрите ракометарски екипи во женска категорија на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов“, како и на ракометарките од идеалната седумка.
Идеалниот тим во женска категорија го сочинуваат:
- Најдобар голман Наталија Ристовска- РК Кале Вардар
- Најдобро лево крило Зорица Андовска, Опш.К.Вода Вардар
- Најдобро десно крило Ангела Колевска- Ѓорче Петров Вардар
– Најдобар лев бек Климентина Ѓурчевска- Ѓорче Петров Вардар
– Најдобар десен бек Ева Димитриевска-РК Кале Вардар
– Најдобар пивотмен Деника Спасевска-Делчево Вардар
– Најдобар центар Сара Стефанска-РК Кале Вардар