Денес стартуваше главната рунда од Лигата на Шампионите за екипата на ЖРК Вардар. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански гостуваше екипата на Мец, нашиот црвено-црн колектив во овој дуел дојде до првата победа во новоформираната група. Девојките на Дибирова триумфираа со резултат 29-23 (15-9).
Дуелот почна со погодок за нашите девојки, тие со голот на Лекиќ во 2.минута поведоа со почетни 1-0, на што гостите одговорија со погодок за 1-1. Со третиот гол на Лекиќ за 5-2 првпат се одлепивме на комотни “плус три“ во 9.минута од натпреварот. Во 11.минута водевме со 6-3 што беше “аларм“ за клупата на французинките кои го искористија првото право на “минута одмор“. Се играше гол за гол во продолжение, со наша предност од “три плус“, 9-6 влеговме во последните 10.минути од првиот период на овој прв дуел во 2018 во елитната лига. Следеа два, брзи едноподруго голови на црвено-црните девојки за предност 11-6, со кои првпат отидовме на пет позитива. Тоа придонесе за искористување на вториот тајм-аут на тимот на Мец во 21.минута од првиот период. Сепак нивниот “брод тонеше“ и понатаму, па со нови два лесни гола поведовме со 13-6 во продолжение. Полувремето лесно го приведовме кон крајот, на одмор заминавме со одлична предност, нашите девојки водеа по првите 30.минути водеа со 15-9.
Вториот дел го отворија гостинките со гол од пенал за намалување на 15-10, ние веднаш вративме преку Барбара Лазовиќ за водство со 16-10. Гостинките со мини серија 1-3 намалија на 17-13 во 4.минута во вториот дел. Гостинките успеаа да намалат на 19-16 во продолжение, тоа беше аларм за Дибирова која побара тајм-аут во 10.минута од вториот период. Веднаш се извлековме од “безната“ и со три гола едноподруго поведовме со 22-16 во 14.минута со погодокот на Пенезиќ. Веднаш Мец побара тајм-аут за да ја сопре нашата серија и налет во кој бевме. Тоа им помогна многу па ние со нови два гола преку Цвијиќ во 19.минута поведовме со “осум плус“, 24-16 најавувајќи дека на дуелот ние ќе бидеме поуспешен тим. Игравме смирено и умно во продолжение, во последните пет минути влеговме со предност на семафортот од 28-21. На крајот триумфиравме со резултат 29-23.
На нашиот гол Лејно беше фантастична и повторно “двоцифрена“, прв стрелец беше Цвијиќ со 7 гола, Пенезиќ постигна 6 погодока.