Лукман, 27-годишниот Нигериец кој има добро педигре од минатто, како репрезентативец на својата земја, со настапи во француската Лига 1 и во украинскиот гигант Динамо Киев ќе добие шестмесечен договор со опција да се продолжи соработката на уште две години, но вардарци се претпазливи со него, затоа што сè зависи од тестовите и степенот на подготвеност.
Во Вардар немаат дилема во фудбалските квалитети на Лукман, но фактот дека не е во натпреварувачки ритам, но поучени и од претходниот случај кога Бразилецот Густаво Марментини падна на лекарски прегледи поради проблем со срцето на веќе договорен трансфер не сакаат да се истрчаат со дефинитивно потврдување на трансферот. Харуна има 55 настапи во украинското првенство, 44 во Лига 1 како член на Монако, три настапи во ЛШ и 12 настапи во Лига Европа. Нигериецот, Харуна има настапувано за големи фудбалски тимови и на едно Светско првенство и тоа против големата Аргентина и Меси (види).
…продолжи со читање на sport1.mk