Три ракометарки од актуелниот состав на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ од следната сезона се селат во екипата на ЦСМ Букурешт. Тие денес се промовирани во нови играчи на шампионот на Романија, за следната сезона. ЦСМ Букурешт од година во година прави се поамбициозен тим, кој има за цел да го нападне трофејот во Лигата на Шампионите. Токму со новите засилувања кои доаѓаат во Вардар, дефинитивно со екипата на Ѓер ќе бидат екипите со најголеми шанси да владеат во најголемото ракометно натпреварување.
На Лекиќ, Радичевиќ и Цвијиќ најпрво им посакуваме со Европска титула да се збогуваат од Вардар, а потоа им посакуваме среќа и во новата средина. Лекиќ и Радичевиќ ставија потпис на две години договор, додека Цвијиќ на една сезона.