Денес во Срц “Кале“ во Скопје се одиграа првите дуели од новото. 7.коло во ракометната вардарова Јуниор лига. Кај дамите родени 2006 и 2007 година се одиграа два дуела. Во истите до победа дојдоа екипите на РК Опш.Кисела Вода Вардар и РК Кале Кичево.
Во првиот дуел утрово екипата на РК Опш.Кисела Вода Вардар се сретна и беше подобра од тимот на РК Ново Лисиче Вардар со резултат 16-10 (7-3). Први со два гола и водство со 2-0 овој натпревар го отворија девојките од Ново Лисиче. Со серија 1-3 некаде на средината на полувремето тимот на Кисела Вода изедначи на 3-3 и внесе неизвесност. Во втората половина од полувремето тие доминираа и без примен гол успеаа да го однесат мечот на полувреме со резултат 7-3 во нивна корист.
Вториот дел со серија 1-3 го отвори РК Опш.Кисела Вода Вардар тие по 6.минути игра водеа со 4-10 најавувајќи дека на овој натпревар тие ќе одат на триуф. До крајот се играше цврст дуел, двата тима играа гол за гол, па Кисела Вода ги зачува шестте гола позитива и победи со 16-10 на крајот. Шекерова кај победникот имаше пет гола, кај поразените Миа Маринчов постигна шест погодоци.
Во вториот дуел екипата на РК Кале Вардар од Кичево ја совлада екипата на Кисела Вода Вардар со резултат 16-4 (6-2). Кичевчанки го отворија овој натпревар со два гола за предност од 2-0 на стартот. Скопските девојки намалија на 2-1 во продолжение, потоа следеа минути на тимот на Кале Вардар. Тие на полуреме заминаа со предност од четири гола, на семафорот во салата “Кале“ стоеше 6-2 во нивна корист.
Вториот дел од почетокот па се до средината беше во знакот на тимот од Кичево, тие со серија 7-1 отидоа на двоцифрена предност, 13-3. Се по ова беше рутнина, победникот беше познат двата тима веќе беа сигурни во исходнот од овој дуел. На крајот РК Кале победи со резултат 16-4. Кај победникот Велкоска имаше четири гола, кај поразените Шекерова даде два.