Денеска во СЦ. Кале се одигра ново коло во ракометната Јуниор Лига. Кај женските натпревар одиграа екипите на Вардар Ново Лисиче и Асови Вардар. Овој денешен дуел кај девојките во генерација 2004/2005 година го доби тимот на Асови Вардар со резултат 10-13 (4-2).
Првиот дел му припадна на тимот на Вардар Ново Лисиче, во едно прво полувреме без многу голови, Ново Лисиче успеа да постигне четири, а тимот на Асови само два. Играчите на Асови Вардар во првиот дел не беа сеуште “разбудени”, па така дадоа само два гола.
Во вториот дел Асови одигра маестрално второт полувреме со многу голови. Некаде од средината на вториот дел како да ги стигна заморот играчите на Ново Лисиче, па со серија од 4-0, а потоа и од 3-1, тимот на Асови дојде до победа со резултат 13-10. Кај победникот Стојаноска дада шест гола, кај поразените Тошевска имаше четири погодоци.