Денес се игра второто коло од групата Б во која се наоѓаат нашите девојки на европското првенство во Валенсија . Тие денес за противник со почеток во 21-00 часот ќе ја имаат селекцијата на Германија која вчера беше поразена во првото коло од Русија .
Нашите девојки за разлика од нивниот денешен ривал имаа одличен старт на Европското Првенство . Избраничките на Симе Симовски ја победија Литванија со резултат 31-27 (15-13) во вчерашниот меч од првото коло . Девојките ќе се обидат да дојдат до втората победа и до пласман во понатамошната рунда . Мечот ќе може да го следите во живо на следниот линк -ТУКА