Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Лошото второ полувреме, пресудно за поразот на младинската репрезентација
Лошото второ полувреме, пресудно за поразот на младинската репрезентација

Лошото второ полувреме, пресудно за поразот на младинската репрезентација

Младинската женска ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство за девојки до 19 години, кое се одржува во Валенсија. По стартната прва победа против селекцијата на Литванија, вчера нашите избранички доживееа пораз од Германките. Лошото второ полувреме беше пресудно за високиот пораз на младинките. Во текот на целото прво полувреме успешно се спротиставувавме на противникот, дури и имавме водство. Сепак на пауза се замина со предност на Германија од 12:11.

Во вториот дел следеше несфатлив пад за избраничките на Симе Симовски, кои не можеа да одолеат на нападите. Германија како течеше второто полувреме, играше се подобро и поцврсто во одбраната, што беше клучот за високата победа на крај. Ние на моменти успеавме да се вратиме во игра со погодоците на Тодоровска и Нолевска, но Германките на сето тоа враќаа со серија на голови. Се истакна и голманката Нина Ладева, која сепак не дозволи поголем пораз. Конечниот резултат гласеше 31:21. Ангела Тодоровска која доаѓа од редовите на Вардар, беше најефикасна со 8 постигнати голови. Воедно оваа ракометарка, ја доби наградаата за најдобар играч во нашата репрезентација.

Во другиот меч од нашата група, Русија забележа нова победа, овој пат убедливо против Литванија( 41:17) и се зацврсти на првото место на табелата со 4 бода. Македонија и Германија имаат по 2. Денес е слободен ден за девојките, кој ќе им дојде добро за одмор пред решавачкиот натпревар против Русинките, во недела со почеток од 21 часот.