Нова лесна и рутинска победа за Вардарки, на натпревар од женската супер лига, што беше вкупно 18-та за нив од исто толку одиграни мечеви. Противник во С.Ц. Јане Сандански ни беше екипата на Деспина која ја совладавме убедливо со резултат 21:52.
Уште на стартот на дуелот, избраничките на Дибирова резултатски се одлепија од противникот, кога при резултат 1:2 направија серија од 1:6 и поведоа со 2:8. Како одминуваше натпреварот, така се повеќе растеше предноста во корист на црвено-црните. На секој гол на Деспина, нашиот шампион одговараше со серија од неколку погодоци, за да стигнат и до двоцифрена предност од 6:16. До истекот на првите 30 минути, само се зголеми и на одмор се замина со водство од 9:22.
Стартот на вториот дел им припадна на противничката екипа, кои ги постигнаа првите два гола и намалија на 11:22. Сепак во следните десет минути, вардарки направија серија од 4:11 и поведоа со најголеми 15:33. До крајот на натпреварот беше само чиста рутина за девојките на Вардар, кои слават убедливо со резултат 21:52.
Ристовска беше најефикасна со 13 голови, додека Петровиќ и Керамичиева постигнаа по 8 голови.
Вардар: Мицевска, Суслина, Кликовац 6, Саздовска 6, Кузнецова 7, Бајрамовска 1, Керамичиева 8, Лакрабер 2, Хмирова 1, Петровиќ 8, Ристовска 13.