Вардарки стигнаа до 19 победа од исто толку одиграни натпревари, во рамките на женската лига. Вечерва во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните славеа убедлива победа во дуелот со екипата на Пелистер.
Стартот на дуелот навести дека повторно ќе имаме лесна задача во дуелите со противниците. Стартуваме со серија од пет последователни голови, за гостинките од Битола да го постигнат својот прв гол и да намалат на 5:1. Сепак избраничките на Дибирова и Парондо возвратија со нова серија од 5:0 и по нецели десет минути игра имаа водство од 10:1. Вардарки имаа неколку долги серии, а по истекот на првите 30 минути имавме предност од 28:12.
Интересно на стартот на вториот дел, Пелистер успева да сврзе три гола во серија и да го намалат на резултатот на 28:15. Сепак тоа не претставуваше пречка за црвено-црните повторно да се разиграат и да ја полнат противниќката мрежа. Како одминуваше времето, така се повеќе се зголемуваше разликата. По истекот на 60-те минути, конечиот резултат гласеше 49:25.
Најефикасни кај Вардар беа Кликовац и Саздовска кои постигнаа по 11 голови.
Вардар: Радичевиќ, Кликовац 11, Саздовска 11, Бајрамовска 5, Лазовиќ 2, Мицевска, Керамичиева 8, Суслина, Лекиќ, Петровиќ 7, Ристовска 5.