Младиот женски ракометен состав на Вардар Јуниор денес игра дуел од домашната лига, во истиот е домаќин на екипата на ЖРК Деспина од Прилеп. Девојките на Симе Симовски ќе ги пречекаат своите ривалки во Спортскиот центар “Кале“, дуелот ќе се игра со почеток во 17 часот и 30 минути.
Вардарки се фаворити во овој натпревар, во првиот дуел како домаќини ги совладавме со резултат 28:21, а на гости ние триумфиравме со пет гола позитива, 25-30. На табелата ние имаме 33.бода и сме дел од неколкуте екипи кои атакуваат на вице-шампионската позиција во лигата на која лани завршивме.