Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младинките испуштија победа, против фаворизираната Русија
Младинките испуштија победа, против фаворизираната Русија

Младинките испуштија победа, против фаворизираната Русија

Само неколку секунди ја делеа Македонската репрезентација до голема победа против еден од најголемите фаворити на ова Европско првенство. Младинките ремизираа со Русија(26:26) и ќе се борат за пласман од деветото место на Европското младинско првенство, кое се одржува во Валенсија. Иако можеби малку очекуваа дека можеме да се спротиставиме на големата Русија, девојките на Симовски го демантираа тоа. Излегоа на теренот со голем мотив и желба за триумф. Русинките добро го започнаа натпреварот имаа предност од 3:0 и речиси во најголем дел од мечот имаа константна предност. Сепак нашите младинки не се предаваа и цело време им дишеа во врат на противничките. На полувреме големиот фаворит замина со само еден гол позитива 15:16.

Во второто полувреме, Русија повторно зеде силен замав и успеа да направи серија на погодоци, што ги одалечи на четири гола предност. Силното срце и желбата за докажуввање беше присутно кај Македонската селекција, која полека ја намалуваше негативата и се доближуваше до предноста на Русија. Голманките Ладева и Петковска имаа голем удел во враќањето во игра и израмнувањето на резултатот. Во последните пет минути се влезе во неизвесна завршница. Капитенот Сара Ристовска за прв пат ја доведе екипата во предност од 25:24. Противникот врати со израмнувачки гол за да биде уште понеизвесно. Керамичиева повторно ја носи нашата репрезентација во водстсво, но во следниот напад на само неколку секунди до крајот, Русинките го поставуваат конечниот резултат 26:26.

За најдобар играч кај нас, беше прогласена голманката Нина Ладева, која брани за вториот тим на Вардар. Ристовска беше најефикасна со 10 голови, Тодоровска и Керамичиева од Вардар додадоа по 6, односно 5 голови. Македонија од утре ќе разигрува за пласман од 9-16 место, во група со репрезентациите на Хрватска и Србија.