Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар убедливо го доби “сестринскиот“ дуел со Вардар Јуниор, за 20-сета последователна победа во супер-лигата
Вардар убедливо го доби “сестринскиот“ дуел со Вардар Јуниор, за 20-сета последователна победа во супер-лигата

Вардар убедливо го доби “сестринскиот“ дуел со Вардар Јуниор, за 20-сета последователна победа во супер-лигата

После вчерашната победа во регионалната лига против екипата на Крим, попладнево избраничките на Дибирова и Парондо одиграа меч во супер лигата, а противник им беше “сестринскиот“ тим на Вардар Јуниор. Очекувано Вардар славеше на овој дуел со реултат 48:19, и на тој начин стигна до својата 20-сета последователна победа.

Младиот состав на Вардар Јуниор предводен од Симе Симовски на стартот имаше водство од 1:2, кое се покажа како единствено за нив во текот на натпреварот. Набргу работите си дојдоа на свое место, па поискусните вардарки направија серија од 6:1 и поведоа со 7:3. По дванаесет минути игра имаше некаква реултатска рамнотежа, кога резултатот на семафорот беше 10:5 за Вардар со нова серија од 6:1 во 20 минута од натпреварот за прв пат на овој дуел да има двоцифрена предност од 16:6. На секој гол на Јуниор, Вардар одговораше со серија од неколку погодоци, па така на полувреме се замина со предност на Вардар од 26:13.

Вардар имаше фуриоен старт во второто полувреме кога направи серија од 14:3 и поведе со убедливи 40:16. Остатокот од натпреварот беше рутина за шампионот на Македонија, кој стигна до 20-сета победа од исто толку одиграни мечеви во супер-лигата. Во вториот дел, екипата на Вардар Јуниор постигна само 6 голови, наспротив 22 на Вардар.

Најефикасна кај Вардар беше Јована Саздовска која постигна десет голови, Сара Ристовска беше стрелец на 8 голови, додека Леонида Гичевска постигна 7. Кај Јуниор, Милица Николовиќ најдобар стрелец со 8 голови, додека Ива Божиноска додаде 4. Во текот на утрешниот ден, нов натпревар за вардарки во рамките на регионалната лига, против екипата на Будуќност, кој ќе биде последен меч во ова натпреварување за оваа сезона, во која Вардар е старо-нов шампион во регионалната лига.

ВАРДАР: Кликовац 7, Саздовска 10, Бајрамовска 4, Лазовиќ, Мицевска, Керамичиева 5, Чанаџија 3, Суслина, Хмирова 2, Петровиќ 2, Гичевска 7, Ристовска 8.

Вардар јуниор: Илиќ, Реџеп, Петковска, Николвска 3, Карчева, Стефановска, Николовска, Кицеска, Вељановска 1, Трпевска, Галевска, Диневска 1, Божиновска 4, Филипоска 1, Иванова 1, Николиќ 8.