Вардар беше условно домаќин на екипата на ЖРК Гевгелија, на натревар од 22 коло на женската лига. Натпреварот се одигра во С.Ц. Јане Сандански во Скопје и заврши со триумф на Вардарки, со резултат 10:50 (7:27).
Натпреварот го стартуваме со четири последователни голови, за почетна предност од 0:4, за првиот гол да го постигне и екипата на Гевгелија. Оваа разлика се одржуваше се до резултат 3:8, кога црвено-црните со нова серија зголемија на 3:12. На секој гол на противникот, Вардар враќаше со серија од неколку погодоци, па во текот на првото полувреме стигна и до двоцифрена предност од 4:14. При резултат 7:20, избраничките на Дибирова до крајот на првото полувреме постигнаа седум голови во серија и на одмор се замина со резултат 7:27.
Во вториот дел, екипата на Гевгелија постигна само три голови, а последниот го постигнаа при резултат од 10:38, за Вардар да направи серија од 0:12 и да го заврши натпреварот со убедлив триумф од 10:50. Најефикасни беа крилата, Сара Ристовска со 11 и Јована Саздовска која постигна 10 голови.
Ова беше последна подготовка за четврфиналниот натпревар против екипата на Митјиланд, кој ќе се одигра во петок, додека реваншот е закажан за на 14-ти април.
ВАРДАР: Кликовац 3, Саздовска 10, Бајрамовска 9, Мицевска, Керамичиева 5, Чанаџија 4, Суслина, Хмирова, Петровиќ 6, Гичевска 2, Ристовска 11.