Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Ивона Трпевска: Ние сме млада и нова екипа, која треба уште да учи, во иднина посакувам само успеси
Ивона Трпевска: Ние сме млада и нова екипа, која треба уште да учи, во иднина посакувам само успеси

Ивона Трпевска: Ние сме млада и нова екипа, која треба уште да учи, во иднина посакувам само успеси

Ивона Трпевска е 16-годишна млада и надежна ракометарка која настапува за екипата на Вардар Јуниор, која се натпреварува во најсилната супер лига. Таа ја игра својата четврта сезона во црвено-црниот дрес и ги има поминато младинските категории на Вардар. Настапува на позицијата десно крило и е младинска репрезентативка на Македонија. Во следново интервју ве запознаваме со Ивона Трпевска, која игра за вториот тим на Вардар.

1. На колку години започнавте да тренирате ракомет ?

-Со ракомет започнав на мојата 8-годишна возраст. Имав голема подршка од моите родители, а најмногу од дедо ми кој ме носеше на тренинг секој ден.

2. Во која ракометна школа започнавте да тренирате и кој беше првиот тренер кој ве научи на почетоците во овој спорт ?

-Првиот клуб каде започнав да играм беше школата на Кастратовиќ и првиот тренер кој ме научи на почетоците во ракометот беа Зоран и Индира Кастратовиќ, која сум им многу благодарна за мојот досегашен успех.

3. Може ли да ни издвоите некоја поединечна награда која ја имате освоено ?

vardarfans-ivona-trpevska-660x330

-Имам освоено повеќе награди, една од тие награди е на турнирот во Скопје Вардар-еден живот една љубов кога ме прогласија за најдобро лево крило, а исто така минатата година кога се одржуваше Европското првенство во категорија кадети до 17 години, бев избрана за најдобар играч. Овие награди ми даваат голем поттик и желба за поголем успех.

4. Оваа сезона направивте голем исчекор во вашата играчка кариера преминувајќи во вториот тим на Вардар од кадетскиот состав. Кој ви ја соопшти оваа вест и какви беа чуствата ?

-Оваа вест ми ја соопшти стручниот штаб на Вардар, за прекомандувањето од кадети во вториот тим. Моите чувства беа измешани, од една страна бев пресреќна и возбудена, а од друга ми беше предизвик да ја оправдам довербата на мојот поранешен тренер Анжела Платон.

vardarfans-naslovna-2

5. Колку сте задоволна од прикажаните игри и резултати во најсилната супер лига, со оглед дека вие сте многу млад и неискусен состав ?

-Можам да кажам дека сум задоволна од утакмиците и од нашиот пристап. Можевме да бидеме победници на утакмицата со Пелистер а исто така можевме да изиграме нерешено или да победиме со екипата на Металург. Имавме многу технички грешки, но сепак сме млада и нова екипа која треба да се учи од вакви утакмици и од грешките кои сме ги направиле.

6. Дали во Вардар Јуниор има талентирани ракометарки, кои еден ден можат да бидат “столбот“ на првиот тим на Вардар и сениорската репрезентација ?

vardarfans-tekst

-Според мене мислам дека има навистина талентирани играчи кои можат да играат за првиот тим. Две девојки од нашиот тим играа за нив на неколку утакмици каде едната остана да игра за нив. Мислам тие девојки кои можат да играат за првиот тим имаат голем потенцијал.

7. Со младинската репрезентација имавте лош настап на квалификацискиот турнир во Исланд, на кој доживеавте три порази. Каде ја гледате причината во слабите резултати ?

-Имавме краток период за спремање на квалификацискиот турнир во Исланд, противниците беа навистина многу добри. Ние бевме многу помлади од нив, тоа е генерација каде играат 98-99 годиште а ние повеќето бевме 2000-2001. Се надевам дека на следниот настап за репрезентација секој од нас ке даде се од себе и ќе направиме да имаме поголем успех.

8. Дали Ивона има некоја зацртана цел во иднина, дали сте размислувале на таа тема?

-Да, секако дека сум размислувала и би сакала да постигнам големи успеси, тоа ми е најголема желба. За крај голема благодарност до поранешните тренери Анжела Платон и Александра Кузмановска и сегашниот тренер Симе Симевски.

Звонко Ивановски