Девојките на Дибирова Ирина денес се враќаат на обврските од домашниот шампионат, тие во рамки на 23.коло од женската Супер лига гостуваат во Свети Николе. Наш домаќин во салата “Цар Самоил“ во Свети Николе ќе биде екипата на Овче Поле, тим кој моментално е “закован“ на претпоследната позиција на табелата во единствената женска ракометна конкуренција во земјава.
Вардарки веќе неколку кола пред ова ја одбранија титулата, прашање е дали денес во дуелот во кој се изразит фаворит ќе отидат над границита од 50 гола на која оваа пролет постојано атакуваат. На сите претходни три натпревари во лигата вардарки овој ривал високо го совладуваа. Формално на овој натпревар ние се водиме како домаќини бидејќи на претходниот Овче Поле се водеше како домаќин во Јане Сандански.
Дуелот се игра денес, вторник, 10.април со почеток во 18.30 часот. За делитени на правдата се делегирани Здравковска Адријана (Скопје) и Божиновска Сања (Скопје), делегат на овој дуел е Младенов Сашо исто така од главниот град.