Пионерите на ракометниот клуб Вардар, предводени од Адријана Будимир утре ќе одиграат тест дуел со противник од нашиот јужен сосед, Грција. Тие ќе бидат домаќини на екипата Филипос Вериа, која лани во април беа домаќини на турнирот „Врилитос 2017″, каде пионерскиот тим на Вардар настапи, тоа е место на 70 км од Солун.
Дуелот се игра утре, сабота, 14.април со почеток во 11-00 часот во Спортско рекреативниот центар “Кале“ во Скопје. Тренерот Будимир ќе го користи поширокиот ростер на овој дуел, пред се одмарајќи го костурот на екипата за предизвиците идната недела. Најпрвин во вторник во “Кале“ во рамки на кадетската лига ќе ја пречекаме екипата на РК Ѓорче, а во истото натпреварување во петок ќе гостуваме на тимот на РК Пролет од Скопје.
Сепак најважните два дуела се очекуваат идниот викенд кога го играме завршниот Ф4 турнир во кој ќе се обидеме да стигнеме до шампионската титула, првак на Македонија во машка пионерска конкуренција. Противниците на црвено-црните за круната во пионерската лига се познати, истите може да ги најдете во нашиот текст- овде!