Вардар и Вардар јуниор лесно и без многу проблеми обезбедија учество на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Првиот тим на Вардар немаше никакви проблеми против екипата на Овче Поле, со убедливи 58-20, нашите девојки се пласираа на Ф4. Убедливо најрасположени за игра на овој дуел беа Сара Ристовска, Јован Саздовска, Теодора Керамичиева и Бајрамовска.
Овче Поле – Вардар 20-58 (11-29)
ВАРДАР: Саздовска 12, Бајрамовска 9, Мицевска, Керамичиева 11, Суслина, Хмирова, Петровиќ 4, Гичевска 4, Ристовска 18.
Интересно и неизвесно беше во Куманово каде Вардар јуниор имаше до самиот крај водство, но дозволи домаќинот да израмни и потоа пеналите да решаваат која екипа ќе биде во полуфиналето на Купот. Во регуларните 60. минути резултатот беше 29-29, а потоа на пенали Слободанка Кицевска одбрани два, за да биде јунак на овој меч. На овој дуел прв стрелец кај Вардар беше Трпевска со седум погодоци.
Куманово – Вардар јуниор 31-33 (29-29, 13-19)
ВАРДАР ЈУНИОР: Илиќ, Реџеп, Николовска 5, Карчова, Стефановска, Кицеска, Вељановска, Атанасова, Трпевска 7, Георгиевска, Диневска 5, Божиноска 6, Филипоска, Иванова 6, Николиќ, Николовска 4.