Денес во салата “Кале“-Скопје младинките на Вардар предводени од Платон и Кузмановска дојдоа до убедлива победа со тимот на ЖРК Гевгелија. Црвено-црните дами триумфираа со 32 гола предност, тие забележаа победа со резултат 45-13 (20-6).
На почетокот отворивме со три гола во мрежата на гостинките за почетни 3-0. Потоа нашиот ривал имаше 2.минути во кои беше подобар од нас, тие со два гола намалија на 4-2, а во остатокот на целиот дуел како и на почетокот ние имавме максимална доминација. Брзо “дадовме гас“ и отидовме на 9-2 по што гостинот побара минута одмор поради консултации. Од минута во минута нашата предност раснеше, на средината од првиот дел отидовме на двоцифрена предост кога поведовме со 13-3. Втората половина од првиот дел ни припадна во целост, па така зголемивме на 14 разлика до крајот на првиот дел. На одморот отидовме со резултат 20-6 на семафорот салата “Кале“.
Во текот на почетните минути од вториот дел на теренот играше само една екипа, црвено-црната. Девојките на Вардар направија неверојатна серија на старот на вториот дел 10-0, со која поведовме со високи 30-6. Се по оваа серија беше чиста формалност на овој натпревар, единствено отворено прашање беше дали ќе победиме со над 30 гола или не. Од минута во минута ја зголемувавме предноста се до крајот кога победивме со 32 гола. На семафорот по одиграните 60.минути ракомет во Скопје стеше резултатот 45-13.