Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински Ф4: Вардар Јуниор обезбеди финале, ЖРК Вардар ќе ја напаѓа “бронзата“
Младински Ф4: Вардар Јуниор обезбеди финале, ЖРК Вардар ќе ја напаѓа “бронзата“

Младински Ф4: Вардар Јуниор обезбеди финале, ЖРК Вардар ќе ја напаѓа “бронзата“

Денес во салата “Автокоманда“ се игра завршниот Ф4 турнир во младинската женска конкуренција. Во првото полуфинале на мегдан излегоа екипите на Вардар Јуниор предводена од Драгана Пецевска-Ристова и ЖРК Вардар предводен од Анжела Платон и Александра Кузмановска. Во ова 1/2-финале до победа и место во големото финале дојде помладиот колектив на Вардар Јуниор, тие обезбедија финале со резултат 33-25.

1

Првиот дел почна со по еден гол за почетни 1-1, потоа тимот на Вардар Јуниор влезе во серија и успеаа со четири гола по ред да се одлепи на 5-1. Девојките на Платон со два гола се вратија во игра и намалија на 5-3, но избраничките на Ристова повторно успеаа да се издигнат и отидоа на “плус пет“ 10-5.  Во вториот дел од првото полувреме двете екипи одигра рамноправно, се играше црвсто со повремени технички грешки на двете екипи. До крајот на првиите 30.минути во двете мрежи беа постигнати по осум гола. На одмор отидовме со резултат 18-13 на семафорот во салата “Автокоманда“ во корист на Вардар Јуниор.

2 3

Вториот дел почна со погодок на Вардар и намалување на водството на Јуниор на 18-14, но веднаш потоа следеше нова серија на кадетската екипа на Вардар јуниор која игра и во младинската лига, тие со серија 3-0 поведоа со високи “седум плус“’ 21-14. Високото водство на Јуниор беше додатен притисок во продолжение на младинките на ЖРК Вардар кои се бореа да го стигнат истото. Тие до крајот неколку пати ја намалуваа разликата, но секогаш нивниот “сестрински“ тим Вардар Јуниор успеваше да се врати на седумте позитива. Токму седум плус влегоавме и во последнте 5.минути до полуфиналето, на семафорот стоеше 31-24. Во последните минути финалистот успеаа да ја зголеми додатно предноста и со резултат 33-25 го оконча мечот.

4

Kaj победникот Ана-Марија Коларска блесна со 9 гола, а Марјана Петковска имаше 6 гола. Кај поразените Неловска Анастасија постигна 8 гола, а Гоцеска и Паланковска постигнаа по 5.

0

СОСТАВИ/СТРЕЛЦИ

СОСТАВИ/СТРЕЛЦИ