Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Историја (page 18)

Историја

Историја! Ванчо Балевски-Змија еден од топ-10 стрелци во историјата на ФК Вардар

ВАНЧО БАЛЕВСКИ – Легендарниот фудбалер на Вардар роден е на 3 јули во вардаровата 1947 година во Скопје. Со своите 128 погодоци на вкупно 379 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес, популарниот Змија е еден од десетте најдобри стрелци во историјата на клубот. Балевски за тимот на Вардар започнува да игра во сезоната 1968/1969 настапувајќи во клубот и во наредните седум ... Read More »

Историја: Грошев ја има чувано вардаровата мрежа на повеќе од 170 натпревари од кои шест се на меѓународната сцена во европските фудбалски купови

grosev

МОМЧИЛО ГРОШЕВ – Чувар на голот на Вардар во сезоната 1986/1987 кога се постигна историскиот успех со освојувањето на шампионската титула во првенството на Југославија, беше легендарниот Момчило Грошев. Популарниот Момо како што го нарекуваа сите во клубот, е роден на 19 јануари во 1960 година. За тимот на Вардар започнува да брани во сезоната 1982/1983 наследувајќи го меѓу стативите ... Read More »

Драги Сетинов – Одбранбениот играч со потекло од егејскиот дел на Македонија ги брани боите на клубот се до 1986 година

setinov

ДРАГИ СЕТИНОВ – Еден од најдобрите вардарови дефанзивци, е роден на 13 февруари 1961 година во Скопје. За првиот тим на Вардар дебитира во сезоната 1982/1983 со 31 настап на првенствените средби во шампионатот на Југославија. Две сезони подоцна Сетинов исто така е дел од составот на Вардар кој со освоеното петто место во првата сојузна лига успева да обезбеди ... Read More »

Потсетување на еден “заборавен“ црвено-црн херој, Дацевски капитенот на ФК Вардар кој прв подигнал пехар во историјата, тој од купот 1961

66

 Во следниот текст ќе се запознаме со Дацевски, еден “подзаборавен“ црвено-црн херој. Човекот кој го подигра првиот пехар во историјата на ФК Вардар во сениорска конкуенција 1961 година, човек кој беше дел од тимот во првата младинска титула 1949 година. Капитен на тимот на Вардар на финалниот натпревар од националниот југословенски куп против тимот на Вартекс кој се одигра на ... Read More »

Ново продолжение (4)! Историјата на АК “Вардар” во 70-сетите, пишува: проф. Мирослав Бошковиќ

Сотир Гавриловски (лево) и авторот на статијата, 1970 година

Ви носиме дел од големата историја на С.Д. Вардар, поточно со неговиот атлетски клуб. На почетокот голема благодарност до авторот кој е  долгогодишен атлетски работник и член на АК Вардар. Станува збор за проф. Мирослав Бошковиќ, кој својте пензионерски денови ги подреди на тоа да создава “мемоари“ за Вардар кој ќе беше жално ако не се запишани и објавени. Очекувајте  продолжение со наредните ... Read More »

БОГАТА ТРАДИЦИЈА! Како и од кога РК Вардар настапува во ракометна Европа

vardarfans-naslov2-540x330

Ракометниот клуб Вардар последните  години има одлични настапи во Лигата на шампионите многумина нови фанови и.т.н, но Оние вистинските знаат дека Вардар во Европските натпреварувања има долга дводецениска улога. Има 10 учества во ЛШ, три европски полуфиналиња во куповите организирани од ЕХФ и многу многу повеќе едноставно РК Вардар не е тим кој се роди пред две-три години како што ... Read More »

Среќен роденден Саша Ќириќ вардарова легендо

qx-660x330

Денес својот 49-ми роденден го прославува еден од најдобрите македонски фудбалери кој имаше богата домашна, а пред се интернационална кариера Саша Ќириќ. Тој во раните 90-сети години ги бранеше боите на ФК Вардар. Саша остави рекорди во црвено-црниот дрес кои и ден денес се несоборени , како на пример постигнатите 36 гола во сезоната 1992/93 што се “ Најмногу првенствени ... Read More »

Историја: Одбојкарски клуб Вардар

istorija-odbojka-vardarfans

Одбојкарскиот клуб Вардар е најуспешниот клуб од нашето спортско друштво за време на Југославија. Постојан учесник на првата Југословенска лига од 1967 година се до распадот на Југославија (со исклучок на сезоната 1967/1968). Шампион на Југославија во сезоната 1975/76, освојувач на купот во сезоната 1979/80, како и освојувач на четвртото место во одбојкарската лига на шампиони во сезоната 1976/77. Одбојкарскиот ... Read More »

РK Вардар (Формирање)

rkvardar-istorija

Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 годнина со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето клубот успеал да се пласира во II сојузна лига, и во натпреварувачката сезона 1961/62 година успеал да го освои II место. Најпосле, во натпреварувачката 1975/76 година клубот го освоил I место во II лига и се пласирал ... Read More »

Историја: ФК Вардар 1995г ја освои втората и последна двојна круна

1995

Како и во првата година од постоењето на македонскиот фудбал така и во третата (сезона 1994/95) Вардар без ниту еден пораз, неприкосновено доминираше на домашните фудбалски терени. Таа година со освојувањето на третата првенствена титула и вториот трофеј во купот, нашиот клуб по втор пат се закити со двојната круна, за која подоцна историјата покажа дека е и последна. Еве ... Read More »