Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Историја (page 10)

Историја

Историја: Славниот Видиниќ вардаровата мрежа ја чуваше се до 1955 година

12647561_1056116037763053_8719901727632526414_n

БЛАГОЈА ВИДИНИЌ – Прославениот македонски голман е роден на 11 јуни 1934 година во Скопје. Својата фудбалска кариера ја започнува во 1952 година, токму меѓу стативите на Фудбалскиот Клуб Вардар. Славниот Видиниќ вардаровата мрежа ја чува и во наредните три сезони се до 1955 година. Поранешниот југословенски репрезентативец кој има освоено и две олимписки медали за тимот на Вардар има ... Read More »

Историја! Ванчо Балевски-Змија еден од топ-10 стрелци во историјата на ФК Вардар

zmija1-606x330-1

ВАНЧО БАЛЕВСКИ – Легендарниот фудбалер на Вардар роден е на 3 јули во вардаровата 1947 година во Скопје. Со своите 128 погодоци на вкупно 379 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес, популарниот Змија е еден од десетте најдобри стрелци во историјата на клубот. Балевски за тимот на Вардар започнува да игра во сезоната 1968/1969 настапувајќи во клубот и во наредните седум сезони ... Read More »

Историја: Што рекол Стјепан Бобек (некогашниот тренер на ФК Вардар) за нашиот тим

stjepan-bobek-i-munjoz-partizan-real-660x330

Историја: Што рекол Стјепан Бобек (некогашниот тренер на ФК Вардар) за нашиот тим: “Сум бил тренер на повеќе југословенски и странски тимови, но престојот во Македонија, во Скопје, во Вардар нема никогаш да го заборавам. Дојдов во Вардар во незгоден час. Клубот три години играше во Втората лига, а тоа не го заслужуваше по традицијата и реномето. Местото му беше секогаш во првата ... Read More »

Историја! Сократ Мојсов еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век

sokrat-mojsov-660x330

СОКРАТ МОЈСОВ- Препознатлив по головите кои ги постигнуваше со глава и неговата способност да погоди од невозможни позиции, Сократ Мојсов несомнено е еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век. Роден е на 1 март 1942 година во населеното место Сетина во егејскиот дел на Македонија. Во дресот на Вардар настапува цели 12 сезони во периодот од 1959 ... Read More »

Историја! Ѓорѓи Цинцевски-Џинка најдобриот стрелец на Вардар во првата сезона 1947/48, и еден од топ-5 стрелците на сите времиња

cinka1

ЃОРЃИ ЦИНЦИЕВСКИ – е еден од најистакнатите играчи меѓу првата генерација вардарови фудбалери кои започнуваат да ја пишуваат историјата на новоформираниот Ф.К Вардар во далечната но славна 1947 година. Познат под прекарот Џинка, Цинциевски е најдобриот стрелец во премиерната сезона на клубот 1947/1948 со постигнати голови на 13 првенствени средби. Приматот на прв голгетер број меѓу неговите соиграчи го потврдува уште три ... Read More »

Историја! Часлав Божиновски: Куп 1961 како играч, како тренер рекорд без пораз и младинска титула, како претседател освоена титула `87

tz1-517x330

ЧАСЛАВ БОЖИНОВСКИ – Незаборавниот Часлав Божиновски кој потекнува токму од младинската школа на клубот несомнено е една од најголемите фудбалски легенди кој најпрвин како играч а потоа како тренер и директор мина 30 години од својот живот во Ф.К Вардар. Роден е во далечната 1935 година и како „вардарово дете“ дебитира за првиот тим во сезоната 1954/1955 на натпреварот против ... Read More »

Историја: Легендарниот голман Тоде Георгиев 15 сезони на “црвено-црниот” гол, го бранеше финалето во “Купот на маршалот“ 1961 година

tode-georgievski-615x400-615x330

Тоде Георгиев- Роден во далечната 1935 година, беше човекот меѓу стативите на финалниот натпревар од југословенскиот куп во сезоната 1960/1961 кога со победата од 2:1 над Вартекс од Вараждин, Вардар го освои маршаловиот трофеј. Во дресот на најуспешниот македонски фудбалски колектив, легендарниот голман настапува во периодот од 1950 до 1964 година при што има одиграно вкупно 239 (130 првенствени) натпревари ... Read More »

Историја: Што рекол Драган Џаиќ легендата на југословенскиот фудбал за нашиот ФК Вардар

jk2

Историја: Што рекол Драган Џаиќ легендата на југословенскиот фудбал за нашиот ФК Вардар? “Вардар ги има сите услови за да биде еден од најстабилните клубови во Југославија. Со потенцијалот скопскиот лигаш може да се нареди во самиот врв на нашиот фудбал. Тоа е клуб со голема традиција. Жешкиот стадион на Вардар во Скопје претставува неосвоива тврдина за екипите кои гостуваат, било да е ... Read More »

Почетоци на РК Вардар

clip_image002

Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 годнина, со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето клубот успева да се пласира во II сојузна лига, и во натпреварувачката сезона 1961/62 година успева да го освои II место. Треба да се одбележи дека во тоа време РК Вардар имаше квалитетен тим, што говори ... Read More »

Историја: Савов стрелец на единствениот гол во првиот финален меч од националниот Kуп на независна Македонија во `93 год.

15267866_1332279533480034_2621120664610955582_n-660x330

Жанко Савов – Стрелец на единствениот гол во првиот финален натпревар од националниот куп на независна Република Македонија во 1993 година беше Жанко Савов.Токму благодарение на неговиот погодок во последните минути од мечот, Вардар го совлада битолски Пелистер со минимални 1:0 освојувајќи го премиерниот трофеј во најмасовното натпреварување на домашната фудбалска сцена. Жанко Савов е роден на 14 септември 1965 година ... Read More »