Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Историја (page 17)

Историја

Историја: Мицевски дресот на Вардар го носеше цела деценија, во периодот од 1975 до 1985 година

БОРЧЕ МИЦЕВСКИ – Легендарниот вардаров фудбалер е роден далечната 1955 година во Скопје. Дресот со „црвено-црните“ нијанси на најтрофејниот македонски фудбалски клуб го носеше цела деценија, во периодот од 1975 до 1985 година.За тимот на Вардар, Мицевски има одиграно вкупно 408 натпревари (185 првенствени) на кои постигнал вкупно 120 погодоци (51 на лигашките средби). Според неговиот индивидуален учинок заслужено се ... Read More »

Историја! Сократ Мојсов еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век

СОКРАТ МОЈСОВ- Препознатлив по головите кои ги постигнуваше со глава и неговата способност да погоди од невозможни позиции, Сократ Мојсов несомнено е еден од најдобрите вардарови играчи од шеесеттите години на минатиот век. Роден е на 1 март 1942 година во населеното место Сетина во егејскиот дел на Македонија. Во дресот на Вардар настапува цели 12 сезони во периодот од 1959 ... Read More »

(Фото) Капитените на Вардар и Шалке во 2004 година

ФК Вардар и германскиот великан Шалке 04 во своите истории се имаат сретнато на повеќе наврати. Тоа биле дуели од пријателски карактер и дуели во рамките на меѓународните купови. Неодамна Шалке о4 беше гостин на нашиот тим. Овој пат, ви носиме фотографија од 2004 година. (Фото) Капитените на двата состава, Никола Ѓошевски и Ебе Санд пред почетокот на реванш дуелот ... Read More »

Историја: Легендарниот голман Тоде Георгиев 15 сезони на “црвено-црниот” гол, го бранеше финалето во “Купот на маршалот“ 1961 година

Тоде Георгиев- Роден во далечната 1935 година, беше човекот меѓу стативите на финалниот натпревар од југословенскиот куп во сезоната 1960/1961 кога со победата од 2:1 над Вартекс од Вараждин, Вардар го освои маршаловиот трофеј. Во дресот на најуспешниот македонски фудбалски колектив, легендарниот голман настапува во периодот од 1950 до 1964 година при што има одиграно вкупно 239 (130 првенствени) натпревари ... Read More »

Ново продолжение (5) (историјата) на АК “Вардар”- СКОПЈЕ ДОБИВА ТАРТАН ПАТЕКА.. пишува: проф. Мирослав Бошковиќ

                                    СКОПЈЕ ДОБИВА ТАРТАН ПАТЕКА До летните Олимписки игри во Мексико, 1968 година, атлетските патеки на кои се трчало биле покриени со шљака. Во поволните временски услови, таквите патеки одговраат на повеќе различни дисциплини, но во периодот на врнежи, шљаката на дожд се ... Read More »

Историја: Поранешниот фудбалер на Вардар Здравков е запаметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт

ГОРДАН ЗДРАВКОВ – Поранешниот фудбалер на Вардар е запаметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт во меѓусебниот двомеч од рамките на Купот на УЕФА, во сезоната 1985/1986. По поразот од 2:1 на првиот натпревар одигран на гостински терен, Вардар на реваншот во Скопје токму со погодокот на Здравков успеа да дојде до минимален но доволен триумф ... Read More »

Историја! Ѓорѓи Цинцевски-Џинка најдобриот стрелец на Вардар во првата сезона 1947/48, и еден од топ-5 стрелците на сите времиња

ЃОРЃИ ЦИНЦИЕВСКИ – е еден од најистакнатите играчи меѓу првата генерација вардарови фудбалери кои започнуваат да ја пишуваат историјата на новоформираниот Ф.К Вардар во далечната но славна 1947 година. Познат под прекарот Џинка, Цинциевски е најдобриот стрелец во премиерната сезона на клубот 1947/1948 со постигнати голови на 13 првенствени средби. Приматот на прв голгетер број меѓу неговите соиграчи го потврдува ... Read More »

Историја: Во „златна“ вардарова сезона Јаневски настапи на 31 првенствена средба и четири пати ги тресеше противничките мрежи

ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ – Еден од најзаслужните фудбалери, благодарение на кои Вардар во сезоната 1986/1987 за прв и единствен пат во својата историја ја освои шампионската титула во првата лига на поранешна Југославија несомнено е и прославениот фудбалски ас Чедомир Јаневски. Популарниот Чеде е роден на 3 јули 1961 година во Скопје. Во споменатата „златна“ вардарова сезона Јаневски настапи на 31 ... Read More »

Историја: Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули и три куп титули

Муарем Зекир – На 26 август 1973 година во Скопје е роден Муарем Зекир, еден од најдобрите чувари на вардаровата мрежа во годините по осамостојувањето на Република Македонија.Како голман на Вардар, Зекир во својата професионална кариера има освоено пет шампионски титули во државното првенство (1992/1993, 1993/1994, 1994/1995, 2001/2002 и 2002/2003), како и три трофеи во националниот куп (1992/1993, 1994/1995 и 1998/1999).Некогашниот ... Read More »

Генерацијата која го замолкна Кипар со ”петарда”

Пред веќе речиси 13 години вардарци го посрамотија во Ахна кипарскиот тим на Етникос со пет парчиња во својата мрежа. Ова беше меч за незаборав, ова беше меч кој ќе се памети кај секој Вардарец додека е жив, ова беше натпревар на кој Вардар се надмина себеси, и славеше убедлива победа над кипраните. Дали некогаш некоја друга генерација ќе може да постигне пет ... Read More »