Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар (page 818)

РК Вардар

(ВИДЕО) Шампионско издание на Вардар ТВ

Погледнете го најновото издание на вардаровиот црвено-црн магазин Вардар ТВ кој иде секоја недела на телевизија Алфа. Во ова шампионско издание ќе може да го погледнете доделувањето на десеттата шампионска круна на фудбалскиот клуб Вардар, славјето на скопјани и Комити на теренот. Истотака во ова издание ќе погледнете дузина информации за целото црвено-црно семејство. Видеото од овонеделното издание на емисијата ... Read More »

(Фотогалерија) Се одигра последното коло во Јуниор лигата кај најмалите учесници генер.2006/09

Денес последното коло се одигра во генерацијата 2006/09 каде играат тимови мешани од момчиња и девојчиња. Во оваа категорија се игра 4+1 во две полувремиња по пет минути. Ова е последно коло од разигрувањето по кое ќе бидат прогласени најдобрите, кај најмалите нема да има завршни турнири според одлуката на раководството на Јуниор ракометаната вардарова лига. Погледнете ги фотографиите од ... Read More »

РК Преспа-Вардар го освои првото место во “Јуниор“ лигата, кај генерација 2002/03

Екипата на Преспа- Вардар е првиот победник, во рамките на денешната програма од ракометната Јуниор лига. Денес во големата сала на спортскиот центар Јане Сандански продолжија финалните натпревари во машка и женска конкуренција. Првото финале кое се одигра беше помеѓу екипите на РК Преспа и РК Кале- Вардар кај генерација родени 2002/03 година. Се играа две полувремиња, по вкупно 25 ... Read More »

(Фотогалерија) Доделени индивидуални награди на дел од најдобрите поединци во Јуниор лигата -список на наградени

По завршувањето на првиот финален ден освен колективните признанија на екипите на најдобрите поединци им се доделуваа и награди. Се избираа најдобар голман, стрелец и играч во една генерација. Наградите ги предадоа  Раул Гонзалес, Дејвис Камара и г-н Капушевски кој по крајот на манифестацијата одржа говор ги поздрави присутните од сопственикот г-н Сергеј Самсоненко, кој кажа дека раководството е задоволно од ... Read More »

(Фотогалерија) Доделување на медалите и пехарите на првиот финален ден во Јуниор лигата, истите ги доделуваа Гонзалес, Камара, Платон и Капушевски

Големиот црвено-црн проект Јуниор лигата го имаше вчера својот прв финален ден, денес го има вториот и последен финален ден во кој ќе се знаат победиците за првата сезона. По одигрувањето на вчерашниот финален ден во ракометаната Вардар Јуниор лига и по завршувањето на сите мечеви во големата сала при С.Ц “Јане Сандански“-Скопје се одржа церемонијата на доделување на награди. ... Read More »

Четири играчи од ракометниот клуб Вардар, дел од поширокиот список за бараж натпреварите против Чешка

Новиот селектор на машката ракометна репрезентација, Лино Червар го објави поширокиот список на ракометари, на кои ќе смета за претстојните бараж натпревари против селекцијата на Чешка, за пласман на светското првенство, кое во 2017 година ќе се игра во Франција. Првиот меч со Чесите е закажан на 11-ти јуни на гостински терен во Злин, додека во Скопје на 15-ти јуни ... Read More »

Абутовиќ и Марсениќ дел од Српската репрезентација, за бараж натпреварите против Унгарија за СП

Селекторот на Српската репрезентација Дејан Периќ го објави поширокиот список на ракометари со кои ќе ги започне подготовките за претстојните бараж натпревари против селекцијата на Унгарија, за пласман на светското првенство во 2017 година. Првиот дуел ќе биде одигран на 10-ти јуни во Краљево, додека пет дена подоцна на 15 јуни, ќе се одигра реваншот во Веспрем. На списокот на ... Read More »

Вардар 2 со “одмазда“ за Текстилец, кој си замина од Скопје со висок пораз

Екипата на РК Вардар 2 предводена од тренерот Стојан Петрушевски продолжува со добрите игри во првата ракометна лига. Оваа млада екипа ја забележа вкупно 18 победа и се зацврсти на второто место на табелата, кое води во плејофот за разигрување во најсилната супер лига. Совладан беше “должникот“ од есенскиот дел на сезоната, екипата на Текстилец од Штип. Дуелот се одигра ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Академија-1 подобра во финалето од ГРК Гостивар Вардар во генер.2004/05

Во второто финале денеска,  Академија-1  беше подобра од ГРК Гостивар – Вардар во финалниот дуел кај генерација 2004/2005. Ова беше меч  во машка конкуренција и се играше во големата сала при С.Ц “Јане Сандански”. Вардар Фанс ви ја презентира оваа фотогалерија. Read More »

Јуниор лига: Академија 3 го освои третото место во генер.2004/05 кај момчињата

Денес е финален ден во ракометната Јуниор лига, во спортскиот центар “Јане Сандански“ во две сали се одигруваат финалните дуели. Во големата сала се играат мечевите за прво место, а во малата за третата позиција.  Во малата сала се сретнаа Академија 3 – Академија 2 во дуел кај генерација 2004/2005( машки). Академија-3 успеа да дојде до триумф со 10-9 и ... Read More »