Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 245)

ЖРК Вардар

ЖРК Вардар СЦЈС со доста изменет и подмладен состав од утре стартува со подготовки за новата сезона

vardarfans-zrk-vardar-scjs-660x330

Слично на машкиот, така и женскиот втор тим на РК Вардар кој се натпреварува во супер лигата, во новата сезона ќе биде доста подмладен. Составот кој повторно од клупата ќе го предводи тренерскиот тандем, Симе Симовски и Александар Царчев ќе го сочинуваат ракометарки кои минатата сезона беа дел од младинските екипи на клубот. Екипата ќе биде многу поразлична од претходниве ... Read More »

Самсоненко: Доста е никогаш ваков линч не сум доживеал, со што го заслужив? По оваа сезона си заминувам од Вардар

vardarfans-samsonenko

Рускиот газда, Сергеј Самсоненко вели дека се повлекува од семејството Вардар. Најверојатно тој по крајот на оваа сезона   се повлекува од ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар. По завршувањето на сезоната,  ќе ги врати трите клуба на претходните сопственици. Неговото соопштение го објави во „Македонски спорт“, во истото се вели: Почитувани граѓани на Македонија, пријатели!  Вчеравечер се вратив во ... Read More »

Сашка Филипоска: Предизвик е да се биде дел од Вардар СЦЈС, ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата на стручниот штаб

vardarfans-naslovna

Сашка Филипоска е следната млада ракометарка со која ќе ве запознаеме. Во новата сезона, таа ќе биде дел од вториот тим на ЖРК Вардар, кој се натпреварува во најсилната супер лига. Ова ќе биде четврта сезона за неа во црвено-црниот дрес, која ги има поминато сите младински екипи на ракометниот клуб Вардар. Игра на позицијата десен и лев бек, додека ... Read More »

Мицевска и Трпевска освоија четврто место со кадетската репрезентација на ЕП во Словенија

vardarfans-reprezentacija

Кадетската репрезентација на Македонија го освои четвротото место на ЕП, кое изминатиов период се играше во Скопје. Во борба за третото место нашите млади надежи беа поразени од селекцијата на Бугарија. Во најголемем дел од мечот, противникот имаше предност и контрола на резултатот. По првиот дел дел имаа предност од 10:13, која на стартот на второто полувреме ја зголемија на ... Read More »

Вардарки заминаа на подготовки на Златибор

vardarfans-zrk-vardar

Во наредните десет дена екипата на ЖРК Вардар ќе биде лоцирана на Златибор, каде ќе го одработи главниот дел од подготовките. Претходниве денови се тренираше во спортскиот центар Јане Сандански, а во наредниов период ќе се работи на физичка подготовка на екипата. Екипата замина комплетна на Златибор, на која треба да и се приклучи уште и младата голманка Јована Мицевска, ... Read More »

Елена Благоевска- На мечевите од “Јуниор лигата“ ги покажуваме своите способности и талент

77

Зад нас е втората сезона на ракометната вардарова “Јуниор“ лига, која и оваа сезона беше успешно реализирана. Кај девојките во генерацијата родени 2002/2003 екипата на РК Делчево Вардар беше “двојно сребрен“ тим. Тие во лигата и зимскиот турнир во својата категорија дојдоа до сребрените медели. Разговараме со  Елена Благоевска, голманот на делчевки која е една од најдобрите поединци во оваа генерација ... Read More »

Јована Мицевска нерешлива енигма за Фарски Острови, кадетската репрезентација стигна до својата трета победа на ЕП

vardarfans-naslovna

Женската кадетска ракометна репрезентација продолжува со победи на Европското првенство за ракометарки до 17 години, кое се игра во нашиот главен град Скопје. Избраничките на Црвенковска стигнаа до трет триумф од исто толку одиграни натпревари во групната фаза. Фарски Острови беше новата селекција која падна пред налетите на нашите млади надежи. Македонија со гол го отвори мечот, за противникот да ... Read More »

И во новата сезона, ЖРК Вардар ќе се натпреварува во регионалната лига, каде новитет ќе биде и вклучувањето на младинските екипи

vardarfans-zrk-vardar

И во новата натпреварувачка сезона, екипата на ЖРК Вардар ќе настапува во регионалната лига. Како и претходната, така и оваа сезона за трофејот во ова натпреварување, покрај Вардар ќе се борат уште и тимовите на Будуќност, Крим и Подравка, а црвено-црните се актуелни освојувачи на регионалната лига, откако на последниот завршен турнир кој се играше во Скопје ја победија екипата ... Read More »

Солидно издание на Вардарките, Мицевска и Трпевска, во победата на кадетската репрезентација на ЕП во Скопје

vardarfans-naslovna

Претстојниов период ќе биде актуелно европското ракометно првенство за девојки до 17 години кое се игра во Скопје. Женската кадетска репрезентација на Македонија веќе запиша две победи во групната фаза. Откако со службен резултат го добивме мечот со Грција, поради напуштање на теренот од страна на противникот, Македонија успеа да стигне и до триумф против врсничките од Швајцарија. Конечниот резултат ... Read More »