Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар (page 321)

ЖРК Вардар

(ВИДЕО) “Цепелинот“ на Радичевиќ и Лакрабер во топ-5 најубави голови во 1.коло од Л.Ш

225

Женскиот ракометен клуб Вардар по подолга пауза конечно одпочна со играње на официјални мечеви. Тие  во првото коло во ЕХФ Лигата на шампионките бевме домаќини на екипата на ФТЦ Будимпешта. Во овој дуел ремизиравме со ФТЦ  Будимпешта 27-27. Потоа викендов  тимот го изгуби кормиларот Индира Кастратовиќ.  Според изборот на ЕХФ ТВ “цепелинот“ на Радичевиќ и Лакрабер се најде во топ-5 изборот за најубави ... Read More »

(ВИДЕО) Најинтересните моменти од натпреварот Вардар – ФТЦ Будимпешта

vardarfans-video-zrk-vardar

Во петокот започна новата сезона во лигата на шампиони за екипата на ЖРК Вардар. На премиерниот меч пред својата публика црвено-црните одиграа нерешено (27:27) против екипата на ФТЦ Будимпешта. Нашиот шампион по првото полувреме имаше три голови предност (17:14), а на стартот на вториот дел и највисоки четири голови разлика. Сепак не одигравме на ниво до крајот на мечот, па ... Read More »

Четврта последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС, Јована Мицевска со ново одлично издание на голот

vardarfans-naslovna

Кадетките на ЖРК Вардар СЦЈС стигнаа до нова, вкупно четврта победа во кадетската лига. Денес во спортско рекреативницот центар Кале, избраничките на Платон и Кузмановска ја победија екипата на Лихнид. Гостинките први постигнаа гол и го отворија резултатот. Уште од самиот старт Вардарки дадоа до знаење дека противникот нема што да бара на овој меч и дека бодовите ќе останат ... Read More »

Индира Кастратовиќ не е повеќе шеф на стручниот штаб во ЖРК Вардар

vardarfans-indira

Индира Кастратовиќ не е повеќе тренер на нашиот женски ракометен шампион. Ова пред малку го соопштија од официјалната страна на клубот во која се вели дека клубот и Кастратовиќ спогодбено ја раскинале соработката. Кастратовиќ на клупата на Вардар беше четири сезони, каде четири првенствени титули и една во купот на Македонија. Во лигата на шампиони на три пати го освојуваше ... Read More »

Пелистер недостоен противник за ЖРК Вардар СЦЈС, убедлив триумф на црвено-црните на гостувањето во Битола

vardarfans-zrk-vardar-scjs

Екипата на ЖРК Вардар СЦЈС успеа да победи на гостувањето во Битола против екипата на Пелистер и да стигне до нови бодови во супер лигата. Избраничките на Симе Симовски забележаа рутинска победа со резултат 43:20. Иако на овој натпревар неможевме да сметаме на неколку ракометарки меѓу кои Леонида Гичевска, Анастасија Николовска, Ангела Тодоровска, Сара Митова и Ана Станикевска, нашите млади ... Read More »

Ангела Карчева: Задоволна сум од мојата екипа, бидејки се боревме до последна секунда и покажавме дека знаеме и можеме

vardarfans-karceva-angela

Младинките на ракометниот клуб Вардар со нерешен резултат ја започнаа новата сезона во лигата. Противник во првото коло ни беше најголемиот конкурент за освојување на првото место, екипата на Металург. Овој меч се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда и заврши со поделба на бодовите. Иако во поголем дел од мечот, домашниот тим имаше водство, сепак Вардар успеваше секогаш ... Read More »

Нова победа за кадетките на РК Вардар, совладана беше екипата на РК Велкова

vardarfans-kadetki

Кадетките на Вардар стигнаа до својата трета победа во лигата, откако вчера на домашен терен беа подобри од екипата на РК Велкова. Натпреварот се одигра во спортскиот рекреативен центар Кале и заврши со триумф на Вардар со резултат 26:21. Мечот започна со гол за тимот на РК велкова, но во следните пет минути следиме серија на црвено-црните од 7:1. за ... Read More »

Дербито во Автокоманда заврши со нерешен резултат, младинките на Вардар и Металург ги поделија бодовите

dd1_6606

Денес во спортската сала во населбата автокоманда се одигра дерби натпревар во женската младинска лига. Новата сезона стартуваше со натпревар помеѓу екипите кои се најголеми претеденти за освојување на титулата. Металург и Вардар ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат од 23:23. Натпреварот започна со два последователни гола за екипата на Металург, која имаше стартно водство од 2:0. Вардарки се ... Read More »

(Фотогалерија) Вардар се сретна со ФТЦ Будимпешта во Л.Ш и одигра реми 27-27

18

Вчера црвено-црниот женски колектив ја стартуваше овогодинешната одисеја во европската елита. нашиот Вардар одигра “инфаркт“ меч со ФТЦ Будимпешта во ЕХФ Л.Ш . Истиот заврши реми 27-27 , иако на половремето избраничките на Индира Кастратовиќ однесоа предност. Read More »

Кастратовиќ: Ниту еден момент не верувавме дека ќе биде лесен натпревар – Алтхаус: Ни престои многу работа во натпреварите што доаѓаат

vardarfans-pres

Екипата на ЖРК Вардар одигра со нерешен резултат (27:27) на првиот натпревар во лигата на шампиони во новата сезона. Иако на стартот на второто полувреме имавме четири голови предност и изгледаше дека полека го кршиме отпорот на противникот, се случи она обратното, во еден момент ФТЦ Будимпешта имаше и водство од еден гол разлика. На крајот со поделба на бодовите ... Read More »