Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прв тим (page 207)

Прв тим

ЖРК Вардар не успеа ниту во третата сезона да обезбеди финале во ЛШ

vardarfans3

Вардарки не успеаа во своето трето полуфинале од лигата на шампиони да победат. Лошо издание на нашите девојки кои беа поразени од екипата на Букурешт. Добро го започнавме натпреварот со погодок на Јованка Радичевиќ од контра-напад, но потоа следуваше голема криза во нашата игра, односно противничкиот голман Грубишиќ беше најголемиот кривец за нашата неефикасност. Следеше серија на ЦСМ Букурешт од ... Read More »

Трета среќа за прво европско финале за Вардарки

vardarfans zrk vardar vo sledna faza so cetiri boda

Полека се подзагрева атмосферата пред почетокот на полуфиналниот натпревар за екипата на Вардар во лигата на шампионите. Црвено-црните пред себе имаат голема и историска шанса да донесат прво европско финале за клубот. Противник ќе ни биде добро познатиот тим на ЦСМ Букурешт, со кој веќе на два пати ги одмеривме силите во главната рунда и ги победивме. Сепак ова ќе ... Read More »

Познат составот, кој треба да избори прво европско финале за ЖРК Вардар

vardarfans-nov-f4-za-vardar-660x330

Денес со почеток од 17 часот и 45 минути, нашиот женски ракометен шампион го игра полуфиналниот натпревар од лигата на шампиони, против екипата на ЦСМ Букурешт. Ова е трет последователен завршен турнир за Вардарки и трета среќа за прва европска титула за клубот. Денес имаме голема шанса да излеземе како победници и да се пласираме во големото финале. Тренескиот тандем ... Read More »

(ВИДЕО) Амандин Лејно најголем адут на Вардарки на Ф4 во ЛШ

vardarfans lejno

Денес во Будимпешта ќе  биде одигран завршниот турнир на најдобрите четири екипи во Европа. Меѓу нив е и екипата на ЖРК Вардар, која ќе се обиде за прв пат да се закити со европската круна, откако претходно на два пати го освои брозениот медал. Нашите девојки веќе стигнаа во Будимпешта и се подготвуваат за полуфиналниот меч против екипата на Будимпешта. ... Read More »

Охрид и Автокоманда ќе бидат домаќини на завршните турнири од купот на Македонија

vardarfans-zrk-vardar-junior-so-osma-pobeda-660x330

Одредени се домаќините на завршните турнири од ракометниот куп на Македонија, во машка и женска конкуренција. Познато е дека четири екипи на Вардар ќе бидат дел од Ф4 турнирот, на кој РК И ЖРК Вардар ќе ги бранат трофеите освоени минатата сезона. Во периодот од 13-14-ти април, градот Охрид и салата “Билјанини извори“ ќе биде домаќин на завршниот турнир на ... Read More »

Радичевиќ се најде во идеалниот тим на ЛШ, за оваа натпреварувачка сезона

vardarfans radicevik vo ol-star tim

Пред одигрување на завршниот турнир во женската лига на шампиони, беше избран идеалниот тим за сезоната 2015/2016 година. Во него се најде само една ракометарка на Вардар, а тоа е десното крило Јованка Радичевиќ. Во најдобриот тим доминираат ракометарки од екипата на Ѓер, дури шест и по една од редовите на Будуќност и Вардар. Вака изгледа идеалниот тим во лигата ... Read More »

Дуел на најефикасните: Пенезиќ – Гулден

vardarfans andrea penezic

Престојниов викенд пред ЖРК Вардар стои вистински предизвик наречен титула во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Вардарки имаат историска шанса да дојдат до големото финале, кое се игра в недела, и да го нападнат трофејот со сите сили. Прв пат во историјата на женскиот ракометен клуб Вардар, ќе ја имаме улогата на фаворити во 1/2 финалето против тимот на ... Read More »

(ВИДЕО) Патот до Будимпешта беше долг за Вардарки

vardarfans patot do f4

Долг беше патот за Вардарки кон учество на третиот последователен завршен турнир во лигата на шампионите. Сезоната ја започнавме со пораз во Скопје, против екипата на Ѓер во првата групна фаза, но како одминуваше сезоната станувавме се подобри. Дуелите со Ѓер беа и единствени порази во групната фаза, иако на реваншот во Унгарија, за “влакно“ ни избега победата. Лесно ги ... Read More »

(ФОТО) Вардарки го одработија првиот тренинг во Будимпешта

11

 Во сабота ќе се сретнеме во полуфиналниот дуел со  ЦСМ Букурешт. Ние ќе настапиме во  вториот полуфинален, но двете екипи први пристигнаа во Будимпешта. Вчера црвено-црните ракометарки најдоа  време и да одработат тренинг. Црнагорката  Андреа Кликовац  го прославува 25-тиот роденденот.,  колешките  уште на аеродромот во Виена ја изненадија со букет од балони, а во хотелот  каде што се сместени вардарки имаше  торта. Read More »

(ФОТО) Кликовац го прослави роденденот во Будимпешта и посака подарок “Европска круна“

80

Црвено-црните девојки  пристигнаа во Будимпешта град каде ќе се одигра Ф-4 завршниот турнир во женска ЕХФ Лига на Шампионите. Нашите ракометарки нормално се  со големи очекувања и огромна желба за успех. Таму се 18 девојки кои го прославија роденденот на црнагорката  Андреа Кликовац. Лесно беше да се погоди што ќе посака таа за својот 25 роденден таа вели : Јас нема да кажам што ми ... Read More »