Црвено-црната карма да играме со најсилните можни противници не не одмина и овој пат . Утрово Уефа даде краток список (види) од пет можни противници Апоел, Марибор, Макаби Тел-Авив, Лех Познањ и Карабах кои можеа да се паднат на извлекувањето . Како и секогаш најсилниот од сите можни ни се падна нас така беше во случајот со Бате и Стеауа кога беа најсилни можни противници и истите нас ни се паднаа .
Ден на одигрување на првиот меч е 14/15 јули во гости во Никозија , реваншот е на една недела подоцна на Филип Втори .Нема многу зборови да се трошат за овој противник силен тим со бразилци, шпанец во својот состав , тим кој играл во групната фаза во Лига Шампиони . Истите на домашна сцена имаат еден куп трофеи 24 титули во лигата и 21 во купот на оваа островска земја . Во овој тим играше и нашиот Грнчаров кој и не ги посакуваше исто така за нив има настапувано и Јане Николовски , Лазаревски и нормално Иван Тричковски кој имаше прекрасни партии во кипарскиот тим . Моментално има еден македонски играч таму а тоа е Валмир Нафиу. Спортски е да се надеваме на успех и поминување во третото коло на 17ти Јули ќе се влечат двојките за следниот коло и евентуалните противници на Вардар доколку минеме понатака .