Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште еден млад играч го напушти Вардар, Бојан Димоски во новата сезона ќе игра за А.Пандев
Уште еден млад играч го напушти Вардар, Бојан Димоски во новата сезона ќе игра за А.Пандев

Уште еден млад играч го напушти Вардар, Бојан Димоски во новата сезона ќе игра за А.Пандев

Уште еден млад играч и официјално го напушти ФК Вардар. Се работи за Бојан Димоски кој денес потпиша договор на две сезони со екипата на Академија Пандев.

Димоски во изминатата сезона беше дел од првиот тим на Вардар, со кој потпиша професионален договор на почетокот на 2019 година. Сепак во новата сезона се реши да го смени дресот и ќе настапува за тимот од Струмица.

Димоски ги помина повозрасните младински екипи на Вардар, каде беше еден од најдобрите играчи во Академијата на Вардар. Исто така има забележано настапи и за младинските селекции на Македонија.