ФК Вардар добива нов чувар на мрежата. 27-годишниот Андреја Ефремов ќе биде нов играч на ,,црвено – црните”, откако и двете страни се договориле за личните услови на голманот, па од понеделник следува и потпис за и официјално Ефремов да биде нов играч на нашиот тим.
Се работи за доста искусен голман, кој има и два настапи за А репрезентацијата на Македонија. Во досегашната кариера има настапувано за екипите на Силекс, Металург, Работнички и Ренова, а има интернационални настапи за португалски Фалимикао, бугарска Локомотив Софија и во албанскиот клуб Влазнија Скадар.
Вардар овие денови треба да промовира уште едно ново име, кое исто така е поранешен репрезентативец на Македонија.
Му посакуваме добро дојде во редовите на ФК Вардар на Андреја Ефремов!!