Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар против Украинскиот Премиер лигаш Металург Запорожје во сабота

ФК Вардар против Украинскиот Премиер лигаш Металург Запорожје во сабота

Следен меч од подготовките на Црвено-Црните во Турција е тимот од Украинската Премиер Лига Металург Запорожје . За Вардарци ова е 5-та контролка на подготовките за пролетната сезoна . Момците веќе нанижа 4 победи на исто толку мечеви без ниту еднаш да се затресе нашата мрежа што охрабрува .

33

Металург е тим формиран уште во 1935година , а по распадот на СССР се натпреварувал во најсилната лига на Украјна. Моментално на табелата по крајот на есенскиот дел е 11-то пласиран тим во Лигата од 14 тима колку што брои моментално најсилната Украинска фудбалска лига . Нема позначајни резултати и трофеи во Украинското првенство и куп .Од Европски мечеви двапати учествувано во Купот на УЕФА каде по поминатото прелиминарно коло во второто е исфрлан од Лидс во 2002та и од Панатинајкос во 2006 година.

На последниот меч со Кинескиот тим на Гуижи дебитираше босанецот Ибричиќ и веднаш со асистенција покажа зашто се смета за големо засилување . Очекуваме и на мечот со Украинците да одлична игра од играчот кој во иднина одлучи да го носи на својот грб бројот 17 на светиот  црвено-црн дрес.

Мечот ќе се одигра во сабота 14/02/2015 со почеток во 16 часот на Стадионот Титан со директен  пренос на официјалниот веб на ФК Вардар.

Leave a Reply