Денес во 12 часот во домот на Црвено-Црните Спортскиот Центар Јане Сандански ќе се одржи прес-конференција по повод мечот од 9-то коло од Лигата на Шампионите помеѓу нашиот Вардар и Францускиот тим на Монпелје .На пресот ќе биде информирана Јавноста за мечот во сабота очекувањата и моменталната состојба со играчкиот кадар кој ќе биде на располагање за истиот.
Овој меч е последен во Скопје пред домашната публика во рамки на групната фаза од ЛШ . РК Вардар на гостувањето во Франција успеја да одигра нерешено 34:34 во еден тежок и исцрпувачки меч бод кој го многу значеше во борбата за втората позиција која носи поповолен противник во нокаут-фазата. Вардар веќе има обезбедено сигурно 1/8 – финале , но со победа денес го задржува второто место во пресрет на последното гостување во Германија . Нашиот конкурент за втората позиција тимот на Рајн Некар гостува кај отпишаниот тим на Чеховски Медведи затоа ништо освен победа над Монпелје не е во игра за Вардарци .
Сами ќе бидеме кројачи на својата судбина во последното коло кога гостуваме во Германија со се надеваме бод предност и со можност со нерешен резултат да дојдеме до толку посакуваното второ место во Ц-групата .