На денешната прес конференција пред мечот со лидерот во Француското првенство тимот на Монпелје тренерот на РК Вардар соопшти дека има проблем со четири повредени играчи. Прибак ,Тоскиќ , Душебаев и Марковиќ се на листата на повредени играчи за кој сепак има шанси дел од нив и да се појават на паркетот во С.Ц Јане Сандански во сабота од 19часот.
Како што донесува клубскиот сајт тренерот на РК Вардар Шпанецот Раул потенцирал -„Ќе играме многу важен меч. Моментално се наоѓаме на втората позиција во групата и ако освоиме еден или два бода ќе го осигураме третото место, а потоа во Рајн-Некар ќе се бориме за второ. Играме против Монпелје, кој е лидер во француското првенство и има одличен тим со многу добри ракометари. Тие играат многу незгоден ракомет за нас, играат различни одбрани, 3-2-1, 6-0, 5-1 и тоа е многу тешко за нашиот напад. Имавме цела недела за тренинзи, по трите натпревари во СЕХА-лигата екипата од ден на ден е сѐ подобра и очекувам добро да одиграме в сабота“
На пресот присуствуваше и капитенот на Црвено-Црните Лазаров . Лазаров очекува тежок и исцрпувачки меч со Монпелје. Потенцирајќи дека се лидери во Француската лига која е по квалитет веднаш зад најсилната Европска лига -Бундес Лигата.