Навивачите на ФК Вардар, популарните ,,Комити” и вардарци покажаа на дело како се сака клубот кога му е најтешко.
На денешната прес – конференција организирана од ,,Комити”, на која присуствуваа и фудбалерите и стручниот штаб на клубот, не информираат дека се продадени точно 33.381 билет, што претставува рекорд кога се работи за спортски настан во нашата држава, а со тоа собрани се 3.338.100 денари.
Од оваа сума кога ќе се одземе данокот и останатите трошоци, останува нешто повеќе од два милиони денари. Истите средства ќе одат кај фудбалерите и стручниот штаб на клубот.
Големо браво и почит за сите кои купија билети и со самото тоа учествуваа да се постигне овој рекорд.